Пиеракакис: Грција го поддржува воведувањето царини на мали пратки од трети земји

November 14, 2025
1 min read

Грција целосно го поддржува предлогот на Комисијата за укинување на минималниот износ од 150 евра, со што ќе се овозможи воведување царини за пратки со мала вредност кои потекнуваат од трети земји и влегуваат во границите на ЕУ, посочи министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина.

По состаноците на Екофин и Еврогрупата во Брисел, Пиеракакис нагласи дека оваа политика е исклучително важна за транспарентноста на електронската трговијата, за заштитата на европските потрошувачи и за создавање рамноправни услови за европските бизниси.

– Би сакал да нагласам дека Грција целосно ја поддржува позицијата на Франција за спроведување на оваа мерка, барајќи итно спроведување, уште порано од предвиденото, од почетокот на 2026 година. Ова е исклучително важно прашање за царините на Европската Унија и за Унијата како целина, истакна Пиеракакис.

Претседателот на Грчката конфедерација за трговија и претприемништво Ставрос Кафунис, позитивно ја оцени европската одлука за воведување царини од првото евро за пратки од трети земји, нагласувајќи дека тоа дава „вистински оптимизам и за функционирањето на ЕУ и за перспективите за одржливост на европската и грчката трговија“.

– Внимателно ќе ги следиме следните чекори, особено разјаснувањето на точниот начин и времето на спроведување на новиот режим, како и дали одлуката ќе биде придружена со воведување административна такса, како што претходно објави Европската комисија, рече Кафунис.

Малите пратки од трети земји во Грција најчесто се од популарните кинески онлајн продавници „Шејн“ и „Тему“.

Онлајн изданието на грчкиот весник „Прото тема“, пишува дека со просечна вредност на пратките од околу 25 евра, вкупниот промет на мали пратки што пристигнаа во Грција минатата година се проценува на 627 милиони евра, износ што одговара на речиси 21 отсто од вкупниот онлајн пазар, кој се проценува на три милијарди евра. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Имаат само 150.000 жители, а се на бод до пласман на Светското првенство 2026!

Следно

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато од 1949 година

Latest from Blog

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.

Диди ќе остане в затвор еден месец подолго

Имено, проблематичната некогашна музичка ѕвезда требаше да биде ослободен на 8 мај 2028 година, но новиот датум на ослободување од Федералниот затвор во комплексот Форт Дикс во Њу Џерси, сега е 4

Ѓорѓиевски: Буџетот е консолидиран, Скопје добива нови проекти

Со еден глас против и еден воздржан, Советот на Град Скопје денес го изгласа ребалансот на Буџетот, кој, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставува почеток на консолидацијата на финансиската состојба во градот и
Go toTop