Општина Битола: Заеднички пристап за поголема безбедност во сообраќајот

December 2, 2025
1 min read

Општините имаат клучна улога во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот, а нивната соработка со централните институции е неопходна за поефикасни превентивни политики и мерки. Тоа беше главната порака на Националната конференција „Безбедност на сообраќајот во локална самоуправа“, што денеска се одржа во Скопје, на која учествуваше и градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Конференцијата беше организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, со поддршка од Министерството за внатрешни работи, Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локална самоуправа. На настанот се обратија првите луѓе на институциите, нагласувајќи ја важноста на координираните активности.

Посебно внимание беше посветено на темите поврзани со урбанистичкото и сообраќајното планирање. Проф. д-р Јасмина Буневска-Талевски од Техничкиот факултет во Битола говореше за влијанието на овие процеси врз безбедноста на сообраќајот на локално ниво, додека проф. д-р Зоран Јошевски, член на Републичкиот совет, презентираше анализи за управувањето со сообраќајната безбедност во општините.

Битола, како општина која моментално работи на нов Генерален урбанистички план и нови сообраќајни решенија, веќе има изработено и студија за „Сејф сити“, која поставува основа за системско подобрување на безбедноста.

На конференцијата градоначалникот Коњановски го стави својот потпис на Декларацијата за безбедност во сообраќајот на патиштата, во која се нагласува дека ниту еден изгубен живот или сериозна повреда во сообраќајот не смее да биде прифатлива. Со тоа, Општина Битола се обврза активно да го промовира и применува „Сејф сити“ пристапот за создавање побезбеден сообраќаен систем.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Странските возила не ќе можат да влезат повторно во Македонија ако не ја платат казната од „СЕЈФ СИТИ“ системот

Следно

Зеленски: Американските и украинските преговарачи го финализираа рамковниот мировен договор од Женева

Latest from Blog

Зеленски: Американските и украинските преговарачи го финализираа рамковниот мировен договор од Женева

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека американските и украинските преговарачи го „финализирале“ рамковниот мировен договор што беше изготвен во Женева за време на нивните неодамнешни разговори во Флорида. Зеленски напиша

4 бои на лакови за нокти кои засекогаш ќе останат во тренд: Нема промашување со нив

Трендовите за маникир се менуваат побрзо отколку што можеме да отстраниме стар лак, но некои бои имаат статус што е надвор од годишните времиња, возрастите или ефектите на TikTok. Ова се нијансите

Странските возила не ќе можат да влезат повторно во Македонија ако не ја платат казната од „СЕЈФ СИТИ“ системот

Странските возила кои ќе направат сообраќаен прекршок во земјава нема да бидат задржани при излез од државата, но возачите ќе добијат официјално известување дека нема да можат повторно да влезат на македонските

Фото: Деколтето на Бела Хадид

Атрактивната Бела Хадид е меѓу најбараните модели денес,  но во последно време одлучи да ја стави на пауза кариарата на модните писти за да се посвети на себе си. Во моментов Бела

Синот на „Ел Чапо“ го смени исказот – се изјасни за виновен за трговија со дрога

Хоакин Гузман Лопез се изјасни за виновен по две точки од обвинението за трговија со дрога и продолжување на криминалното дело, објавија американските медиуми. Тој и неговиот брат Овидио Гузман Лопез се
Go toTop