Одложени неколку летови на Скопскиот аеродром

January 26, 2025
1 min read

На Меѓународниот аеродром во Скопје одложени се неколку летови поради маглата што ја зафати скопската котлина во изминатото деноноќие.

Според најновите информации на веб страницата на Скопскиот аеродром одложени се летовите од Истанбул, Дортмунд и Ајндховен.

Како што е објавено на веб страницата, одложено е и полетувањето кон Фридрихсхафен и кон Истанбул.

Синоќа беше откажан летот од Истанбул, додека летот од Цирих беше пренасочен.

Вчера попладне, пак, по 16 часот не слетал авионот на „Сан експрес“ од Анталија, како и авионите на „Визер“ од Меминген и Баден Баден. Авионот на „Лот“ од Варшава исто така не успеал да слета на Скопскиот аеродром и се вратил назад кон Полска.

На патниците им се препорачува да ги следат официјалните канали на Скопскиот аеродром и бидат во контакт со авиокомпаниите за најновите информации за летовите.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

СДСМ: Вината за хаосот на Онкологија е кај Клековски, Стојковски и Таравари и треба да понесат одговорност

Следно

Џеда – музеј под отворено небо каде што историјата се спојува со современиот живот

Latest from Blog

Општина Аеродром: Учениците вратени на настава по утринските дојави за бомби, повикуваме на смиреност

Од Општина Аеродром се огласија по повод дојавите за бомби во неколку училишта низ општината утрово. Од таму нагласуваат дека МВР излегле на терен и извриле контроли, по кои учениците биле вратени

Нов бојкот за пазарење во маркетите, надлежните најавуваат мерки денес или во понеделник

 За денеска е најавен нов бојкот на маркетите по минатонеделниот кога прометот во големите трговски ланци беше намален за речиси 50 проценти. Додека граѓаните се повикуваат на нов бојкот поради високите цени

Тошковски: Почнуваат силни сообраќајни контроли, сите како општество да креираме побезбеден сообраќај

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа ги посети полициските службеници кои учествуваат во обемната акција која МВР ја започна од вчера на силни сообраќајни акциски контроли низ главниот град. „Седумнаесет главни
Go toTop