Од 15 ноември задолжително поседување на зимска опрема

November 12, 2025
1 min read

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одребите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18 и 191/18), и Законот за изменување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“бр.70/19, 98/19, 302/20, 122/21, 33/24, 208/24 и 193/25), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.

Согласно одребите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира:
За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.:
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала.
За моторни возила со погон на четири тркала (4×4):
– зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм;
– пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина.

За моторни возила кои надминува 3.500 кг:
– зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм.
– пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала;
– автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат – лопата.

Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва.
Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.
Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Пет историски лаги во кои луѓето веруваат и ден-денес

Следно

Од вчера почна да делува ретрограден Јупитер: Што му носи на вашиот хороскопски знак?

Latest from Blog

Нова лабораторија за работа во дрво отворена на Факултетот за ликовни уметности – Скопје

Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доби нова, современо опремена лабораторија за скулптура во дрво, реализирана со поддршка од Ротари Клуб Скопје Центар и компанијата Маквелд

Орге Ѓорѓиевски: Време е Скопје да стане пример за зелена трансформација

Градоначалникот на Скопје, Орге Ѓорѓиевски, денес учествуваше на конференција посветена на креирањето на зелени работни места во Македонија, организирана од австриската амбасада во Скопје. Настанот се одржа на покана на амбасадорот Мартин

Македонското рударство – стратегиски одговор на европската побарувачка за критични суровини

Македонија е пред важна крстосница во однос на развојот на рударството. Со Предлог-закон за рударство првпат системски се воведуваат „Листа на критични минерални суровини“ и „Листа на стратешки минерални суровини“, со обврска

Ристовски: Ќе продолжиме да ги поддржуваме младите спортски таленти на Македонија

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со младите боксери Ален и Адриан Рустемовски и Јоаким Јовановски, тренерот Јове Петровски и со претседателот на Националната боксерска федерација, Кристијан Андреевски, по успешниот настап

Меси: Не ја напуштив Барселона онака како што сонував

Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси уште еднаш призна дека неговото заминување од неговиот долгогодишен клуб Барселона не поминало онака како што замислувал. Тој зборуваше и за неговиот неуспешен период во Пари Сен Жермен,
Go toTop