Новиот јужнокорејски претседател Ли Џе Мјунг и Трамп во Вашингтон ќе разговараат за економската соработка, инвестициите и безбедноста

August 12, 2025
1 min read

Претседателите на Јужна Кореја и САД, Ли Џе Мјунг и Доналд Трамп, ќе се сретнат во Вашингтон на 25 август за да разговараат за зајакнување на економската и безбедносната соработка, објави денеска канцеларијата на шефот на јужнокорејската држава.

Ли Џе Мјунг беше избран за претседател на предвремените избори во јуни, а како приоритет го наведе позиционирањето на оваа извозно ориентирана земја во глобалното трговско опкружување, кое драматично се менува поради царинските политики на Трамп.

-Врз основа на договорот постигнат минатиот месец, двајцата лидери ќе се обидат да отидат чекор понатаму преку партнерство во производствениот сектор, вклучувајќи полупроводници, батерии и бродоградбата, изјави портпаролот на претседателскиот кабинет, Канг Ју-џунг.

Освен економската соработка, тема на дискусија ќе биде „развојот на сеопфатна безбедносна соработка, фокусирана на иднината“, истакна портпаролот.

Трамп кон крајот на јули објави дека двете земји постигнале трговски договор според кој јужнокорејските производи ќе бидат оданочени со царини од 15 проценти, со што ќе се намалат првично планираните царини за еден од водечките трговски партнери на Америка. Трамп рече дека Сеул ќе презентира инвестиции во вкупен износ од 350 милијарди долари што тој „лично ќе ги избере“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Чудната клаузула во договорот на Ињиго Мартинез

Следно

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop