Нови стипендии за втор и трет циклус на студии по македонски јазик

December 9, 2025
1 min read

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната академска година, Министерството за образование и наука годинава исто така за прв пат ќе додели и 7 стипендии за втор и 5 стипендии за трет циклус на студиски програми за изучување на македонскиот јазик.

Конкурсите се веќе објавени.

За стипендија за втор циклус на студии чиј износ е 9.000 денари и се доделува 9 месеци во годината, можат да аплицираат државјани на Македонија кои имаат завршено прв циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на втор циклус за прв пат во академската 2025- 2026 година и да не се корисници на стипендија од други даватели.

Кандидатите пак, за стипендија за трет циклус на студии чиј износ е 18.000 денари и се доделува 12 месеци во годината, треба да се државјани на Македонија со завршен втор циклус на студии со најмалку 8,00 просечен успех, да се запишани на акредитирана студиска програма по македонски јазик на трет циклус за прв пат во академската 2025- 2026 година, да не се корисници на стипендија од други даватели и да имаат две препораки од универзитетски професори.

Аплицирањето е исклучиво електронски. Студентите кои ги исполнуваат условите, пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk заклучно со 9.1.2026 година.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол најтргувани на денот

Следно

Гурабии со бадеми

Latest from Blog

Еве од каде „50 Cent“ ги добил приватните снимки на Паф Диди: „Кога ги видов реков: ‚О, сра** Вау.‘“

Една од најголемите забелешки што моментално затворениот рапер ги има во врска со документарецот се однесува на дел од снимките, за кои тој тврдеше дека биле „украдени“ од неговиот тим за потребите

(Видео) И ова е вештачката интелигенција: РОБОТОТ ПОДИВЕ И ГО НАПАДНА ТРЕНЕРОТ “НАСИЛНО И УЖАСНО“

Стравот дека вештачката интелигенција може да се сврти против нас и да го преземе светот станува сѐ поголем. Но, дали навистина би било толку лошо ако прво ги нападне директорите на компаниите?

Коњановски: Со инвестиции во училиштата ги подобруваме условите за учениците во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ООУ „Елпида Караманди“, каде во последниот период се реализирани повеќе реконструктивни зафати со цел подобрување на условите за наставно-образовниот процес. Директорката на училиштето,

Србија гради масовно и брзо за да биде подготвена за ЕКСПО 2027, НАЈГОЛЕМ БИЗНИС САМИТ ВО РЕГИОНОТ

На местото каде што ќе се одржи Меѓународниот специјализиран саем EXPO 2027 во 2027 година, се работи со полна пареа а на градилиштето се постојано пистутни околу 3.700 работници. ЕКСПО е најголема

Успех за паметење: Каратистите од Битола одат на Европско првенство

Членови на карате клубот „Заншин До“ од Битола денеска беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, каде што ги презентираа најновите спортски успеси. Тренерката Стевка Јанковска-Петковска го запозна градоначалникот со резултатите
Go toTop