Нов асфалт и тротоари на улицата „Малешевска” во Драчево

1 min read

Започна санацијата на улицата „Малешевска“ во населба Драчево.

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денеска најави дека оваа улица ќе добие нов асфалт и нови тротоари до крајот на април.

-Се наоѓаме на улицата „Малешевска” во населбата Драчево, долга околу еден километар, каде во наредните триесетина дена, ќе работиме интензивно на нејзина целосна санација. Ќе ги санираме и тротоарите, а паралелно, рабoтиме на поставување на нови штедливи ЛЕД светилки, изјави Ѓорѓиевски.

Од Општината информираат дека со нов асфалт ќе бидат опфатени и краците на улицата „Малешевска”, кои водат кон улицата „Славка Динкова”. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Претседателите на Туркије и ОАЕ разговараа за билатералните односи

Следно

Британската влада нема да ја зголеми старосната граница за пензионирање на 68 години

Latest from Blog