Нејмар: Бев блиску до преселба во Флуминенсе пред Светското клупско првенство

June 18, 2025
1 min read

Фудбалерот на Сантос, Нејмар изјави дека можел да се пресели во Флуминенсе за да игра на Светското клупско првенство кое е во тек во САД.

– Бев блиску до приклучување кон Флуминенсе за Светското клупско првенство, тоа беше сериозна шанса. Но решив да не продолжам и да останам во Сантос за да заздравам, бидејќи се уште не сум 100 отсто подготвен и сакам што поскоро да се вратам во најдобрата форма, ја цитира новинарот Фабрицио Романо изјавата на Нејмар на социјалната мрежа Икс.

Светското клупско првенство се одржува во Соединетите Американски Држави од 15 јуни до 13 јули.

Флуминенсе ремизираше 0:0 со Борусија Дортмунд во 1. коло во групата Ф. Во групата се и екипите на Мамелоди Сандаунс (Јужна Африка) и Улсан (Кореја).

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Руски беспилотни летала погодија трговски центар во Запорожје

Следно

Турскиот и ирачкиот министер за надворешни работи разговараа за конфликтот меѓу Израел и Иран

Latest from Blog

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки

Филипче: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи, но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани

На средбата се разговараше за потребата од државна  поддршка  за семејствата на настраданите од трагедијата во Кочани. Претседателот Филипче посочи дека власта не прифати ниту еден  предлог на СДСМ за помош за

Барди ќе го носи дресот на Коњаспор

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди денеска беше претставен како нов играч на Коњаспор. Тој во следните две сезони ќе го носи дресот на овој турски тим. Ова воедно ќе биде
Go toTop