Не знаат колку е болно: Писателката Лозановска ги освести надмените скопјани горди на својот празен град

1 min read

Писателката и лекторка по македонски јазик Марија Лозановска возврати на потсмешливите коментари на многу скопјани кои прават шеги на сметка на дојденците во главниот град.

Многу цинични ,,Сари скопјани” тврдат дека уживаат на празници кога градот се празни, наводно од дојденци.

Лозановска која не е од Скопје објаснува дека дојденците, меѓу кои е и таа, не заминуваат од нивните градови во главниот град и други дестинации затоа што сакаат туку затоа што немаат избор.

,,Интересно е тоа како го доживуваат „празниот град“ скопјани, а како оние од внатрешноста. Јас сум од овие вторите, па ќе кажам од таа гледна точка.

Ги слушам скопјани како коментираат дека убав им е Скопје кога е празен за време на празниците. Бидејќи секојдневно е лут, брз, преполн, бучен. Камо ние од внатрешноста да можевме да кажеме така. Нашите градови одамна се празни, болно празни. Ние одвај чекаме да се наполнат… Чинам, луѓето од големите градови не ја знаат таа болка, на празните улици. Со празно Скопје вие се одморате, ние со нашите празни улици полека тонеме во солзи.

Не било отсекогаш така и не сме ги испразниле улиците од бес, затоа што сакаме да станеме скопјани, Германци, Американци. Никој не бега од убаво. Дури ни полните улици во малиот град никогаш не се лоши. Колку и да брзаш, ќе стигнеш секогаш навреме. Мојот град сакам да го помнам кога беше полн со луѓе од сите возрасти, кога се бараше маса и столче плус, кога ги сретнуваш сите што ги знаеш, кога сакаш да излезеш затоа што знаеш дека сите се тука.

Камо да знаев како им е на скопјани кога велат дека се радуваат на нивниот празен град, ние од внатрешноста не знаеме како е да се радуваш на тоа.
Нам пустите улици ни ја прават и душата пуста”, пишува писателката која не исклучува сака можеби токму дојденците се тие што го празниме Скопје, но бара Скопјаните да разберат дека никогаш нема да го направат тоа ако имаат за што да останат дома.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Деветмина загинати по истекување гас во фабрика во Индија

Следно

Најголемиот криминал против човештвото во историјата

Latest from Blog