Не мора да јадете колачи, ама помирете се дека сте сиромашни

1 min read

Хју Пил објаснува дека имало „колебање да се прифати дека, да, сега на сите ни е полошо.“ Тој вели дека како реакција на повисоките сметки и цени вработените решиле да побараат поголемо зголемување на платите, заради што компаниите почнале да наплаќаат повисоки цени за своите услуги и производи.

„Некако во Британија некој треба да прифати дека му е полошо и да престане да се обидува да ги одржува своите потрошувачки навики со тоа што ќе ги зголемува цените, без разлика дали преку повисоки плати или преку префрлање на трошоците за струја врз потрошувачите итн,“ изјавил Пил.

Британската стапка на инфлација, растот на цените, од април 2022 до март 2023 изнесува 10,1%. Оваа бројка за 0,3% проценти помала отколку во февруари, но тоа не значи дека цените се намалуваат туку дека поспоро растат.

Како реакција на ова Банката на Англија одлучи да ги зголеми каматните стапки, што значи поскапи кредити, што би требало да доведе до помала побарувачка и потрошувачка која би го запрела растот на цените. Ова барем во теорија.

Во исто време заради зголемените трошоци за прехрана и греење / струја, работниците се притиснати да бараат зголемување на платите, што заради големата побарувачка за работници од најразлични професии, компаниите не можат да си дозволат да го игнорираат.

Како што компаниите продолжуваат да ги креваат платите, така тие во исто време ги поскапуваат и цените на своите производи за да можат да ги покријат платите, со што се храни инфлацијата.

Минатата година гувернерот на Банката на Англија повика да не се бараат големи покачувања на платата и да се проба да се спречи кревањето на цените да излезе од контрола. Во тоа време синдикатите го обвинија дека неговите изјави се неосновани.

ИЗВОР: off.net.mk

Претходно

Мицкоски во посета на општина Аеродром

Следно

Бугарски медиуми: Убиен македонски државјанин со кол во Сончев Брег, осомничен е 14-годишник

Latest from Blog