Наместо да рушиме дивоградби, да ги ставиме во служба на граѓаните, вели градоначалникот на Центар

1 min read

Наместо да рушиме дивоградби, да ги ставиме во служба на граѓаните. За ова градоначалникот на Oпштина Центар, Горан Герасимовски денеска доставува иницијатива до ЗЕЛС.

Герасимовски се залага да се направат законски измени, со кои ќе им се овозможи на општините да иницираат постапки за конфискација на нелегални објекти и истите наместо да се рушат да се искористат за потребите на граѓаните од општините каде се конфискува дивоградбата.

„Наместо да трошиме пари од буџетот за рушење, предлог законските измени кои ги иницирам овозможуваат општините да иницираат постапка за конфискација на нелегално изградените објекти пред надлежните органи. По конфискација, општината ќе може да ги употреби објектите за потребите на граѓаните. Оваа измена би била огромен чекор напред во однос на превенција од идни дивоградби“ објави градоначалникот на социјалните медиуми.

Герасимовски истакна дека во Општина Центар има неколку големи дивоградби, чие рушење би чинело стотици илјади евра.

„Време е да се направат крупни промени за заштита од урбанистичко насилство“ пишува Герасимовски на својот профил на Фејсбук.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Германија може да го блокира „ChatGPT“ поради загриженост за приватноста

Следно

Бесплатен влез за натпреварот на македонските ракометарки со Украина

Latest from Blog