Најстудено во Берово минус три, најтопло во Велес со осум степени

October 31, 2024
1 min read

Најниска температура, од минус три степени утрово е измерена во Берово, а највисока 8 степени Целзиусови се измерени во Велес и Тополчани.

УХМР информира дека во Лазарополе утринската температура била 0 степени, 2 во Струмица, Попова Шапка и Маврови Анови, 3 во Битола, Тетово и Демир Капија, 4 во Штип, Крива Паланка и Прилеп, 5 во Крушево, 6 во Охрид, Виница и Пожаране и 7 во Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија.

Во текот на ноќта беше претежно ведро, понекаде со слаб променлив ветер. Утринава во дел од котлините има појава на слаба магла и ниска облачност.

Денеска преку денот ќе имаме сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе достигне од 17 до 23 степени.

Во Скопје, како што најави УХМР, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува.

Максималната температура ќе достигне до 23 степени.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Состојба на патиштата: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење

Следно

Двајца загинати, деветмина повредени во експлозија на гас во Русија

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop