Најмалку 32 загинати во тензиите меѓу Тајланд и Камбоџа

July 26, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на жртви во тензиите на границата меѓу Тајланд и Камбоџа, кои се разгореа на 24 јули, достигна 32, известува Анадолу.

И покрај повиците за прекин на огнот, тензиите на тајландско-камбоџанската граница влегоа во третиот ден.

Бројот на жртви од двете страни во судирите достигна 32.

Според „Кмер тајмс“, портпаролката на Министерството за одбрана на Камбоџа, Мали Сочиата, изјавила дека 13 лица, од кои 5 војници и 8 цивили, се убиени во ескалацијата на тензиите меѓу двете земји.

Мали Сочиата информирала и дека 50 камбоџански цивили се повредени во судирите.

Тајланд објави дека во судирите загинале 19 лица, вклучувајќи 6 војници.

– Воени бродови испратени на границата

Според вестите објавени во националните медиуми, тајландската влада испратила четири воени бродови во пограничниот регион, каде продолжуваат тензиите.

И тајландски воени авиони се на должност во регионот.

Тајландската влада ги повика своите граѓани што живеат во Камбоџа веднаш да ја напуштат земјата.

– Напори за прекин на огнот

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим предложи прекин на огнот во телефонските разговори со лидерите на двете земји на 24 јули и извести дека двете земји позитивно пристапиле кон предлогот.

Владите на Камбоџа и Тајланд, кои објавија дека го прифаќаат повикот на Анвар, продолжија да се обвинуваат меѓусебно за судирите.

– Гранични тензии меѓу Тајланд и Камбоџа

Тајланд и Камбоџа, сместени во Југоисточна Азија, имаат заедничка граница во должина од 817 километри поделена со заштитна жица и се во долгогодишен територијален спор.

Поради прекршување на договорот за границата меѓу Тајланд и Камбоџа, на 28 мај избувна краток судир во регионот. Војските на двете земји се согласија проблемот да го решат мирно.

Тајланд објави дека сите контролни пунктови на границата со Камбоџа ќе бидат контролирани од владата на Бангкок.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Двајца под истрага за грубо насилство во скопско Орешани

Следно

Шефот на турската дипломатија вели дека анексијата на Западниот Брег би му се вратила негативно на Израел

Latest from Blog

Ливерпул доведе млад и талентиран французин

Досегашниот играч на екипата на Сент Етјен, Џилијан Нгесан е нов член на екипата на Ливерпул. Офанзивецот има 18. години и следните неколку месеци ќе ги мине како позајмен фудбалер во тимот

Божиновска од SEEF2026 во Солун: Регионалната поврзаност и инвестициите се клучни за енергетската безбедност

Министерката Божиновска: Регионалната поврзаност, инвестициите и трансатлантската соработка се клучни за енергетската безбедност и конкурентност Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува и се обрати на 10. Southeast Europe

Проданоски: Прилеп е пример за успешно селектирање и управување со отпадот

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира дека денеска во Прилеп биле одржани средби со претставници од општините Ѓорче Петров, Гази Баба, Илинден и Струмица, кои во рамки на студиска посета на
Go toTop