Над седум илјади евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите, уште едно лице се води како исчезнато

July 19, 2025
1 min read

Повеќе од седум илјади луѓе се евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите предизвикани од поројните дождови кои четврти ден по ред врнат во земјата.

Цели стада добиток стојат во водата, пренесуваат светските агенции. Четири лица го загубија животот, а уште едно лице се води како исчезнато.

До синоќа  2.816 лица од повеќе од 7.000 евакуирани неделава се уште не можат да се вратат во своите домови.

Во јужниот дел од земјата, дождот достигна рекордни 500 милиметри.

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27

Следно

Парите влегуваат тешко: Apple Pay доаѓа, но македонските хонорари остануваат заглавени

Latest from Blog

Средба Фидан – Рубио: Турција повика на смиреност во Сирија и стабилност во регионот

ИСТАНБУЛ (АА) – Турција денес ја нагласи потребата од прекин на борбите во Сирија и враќање на стабилноста во регионот, информираа дипломатски извори, известува Анадолу. Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан

Косовското собрание не е конституирано ниту во 49. обид, седницата продолжува в понеделник

Собранието на Косово не е конституирано ниту во 49.обид, бидејќи денеска од присутните 90 пратеници, 50 гласаа за формирање комисија за тајно гласање за претседател на таа институција. Претставниците на Демократската партија
Go toTop