Над 13 илјади странци вработени во Албанија

June 23, 2025
1 min read

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници.

Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и вештини, Гертиола Чепани, за медиумите изјави дека постојано се зголемува бројот на странци вработени во оваа земја.

„Албанија се смета за една од земјите со економски развој и интересот на странците за работа во нашата земја се зголемува. Според официјалните податоци, крајот на 2024 година заврши со 13 илјади странци кои работат во Албанија“, рече Чепани.

Во меѓувреме, претпријатијата кои бараат повеќе работници се зголемува и се од различни сектори.

„Најзначајни се претпријатијата кои ја прошируваат својата дејност во сектори како што се сместување и угостителство, градежништво, трговија на големо и мало, преработувачка индустрија и други. Најбарани профили се шанкери, келнери, готвачи или помошници готвачи, или професии поврзани со ниско или средно ниво на образование“, изјави таа.

Додаде дека странските државјани кои доаѓаат да работат во Албанија се од различни земји, меѓу кои може да се издвојат Турција, Италија, Косово, Филипините и Индија, оценувајќи дека двете услуги што се нудат на платформата „е-Албанија“ за пакетот „Единствена дозвола“ им го олеснила на бизнисите пополнувањето на документацијата.

Според медиумте, наспроти официјалната статистика, бројот на странци кои наоѓаат работа во Албанија е многу повисока, зашто

голем број од нив се ангажрани во секторот земјоделство, рибарството и градежништво, кои работат на црно. И во хотелиерството и угостителски објекти, работат странци без да бидат пријавени во соодветните служби.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Следно

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop