МВР ги заврши проверките во 18 училишта во Скопје – Повторно лажна тревога

1 min read

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреси со закана за наводно поставена експлозивна направа во 18 училишта во Скопје, како и едно училиште во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Руските фудбалски клубови и репрезентации остануваат надвор од меѓународните натпреварувања

Следно

МУ ЈА АМПУТИРАЛЕ ЕДНАТА НОГА, А ДРУГАТА КАКО ДА ЈА НЕМА- 13 годишно момче поминало голгота под урнатините, неговата сестричка засекогаш останала заробена

Latest from Blog