„Може да користите нуклеарно оружје во Газа“, му порача на Израел американскиот сенатор Грахам

May 14, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Американскиот републикански сенатор Линдзи Грахам ги спореди нападите на Израел врз Газа со американските нуклеарни напади врз јапонските градови Хирошима и Нагасаки, посочувајќи дека и Израел има право да користи нуклеарно оружје за да победи во војната, пренесува Анадолу.

Грахам зборуваше за нападите на Израел врз Газа во емисијата „Мит прес“ на телевизијата НБЦ.

„Во Втората светска војна решивме да ставиме крај на војната со фрлање бомби врз Хирошима и Нагасаки. Тоа беше вистинска одлука“, рече Грахам, додавајќи: „Израел, како еврејска држава, имате право да правите сѐ што е потребно за преживување.“

Тој рече дека на Израел треба да му се обезбедат бомби.

„Обезбедете му ги на Израел бомбите што му се потребни за да ја заврши оваа војна што не може да си дозволи да ја изгуби и работете со нив за да ги намалите жртвите“, рече Грахам.

Во својата изјава на 9 мај американскиот претседател Џо Бајден рече дека ќе ја прекине помошта со оружје за Израел доколку изврши голем напад врз Рафа, а изјавата на Бајден наиде на реакции и кај Републиканската партија на САД и кај Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ниту збор за слободата на медиумите во медиумската соработка меѓу Кина и Србија

Следно

СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија

Latest from Blog

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски овластен да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата Во рамки на седницата, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да

Вечерва во Базел почнува Песна на Евровизија

Вечерва, 13 мај, во Базел почнува 69тото издание на Песна на Евровизија. Водителки на годинашниот избор ќе бидат Хејзел Бругер и Сандра Студер. Во првото полуфинале ќе се натпреваруваат 15 земји, а ќе
Go toTop