Молдавија ги отфрли руските тврдења оти Украина планира напад на нејзината покраина Приднестровје

1 min read

Целосно отфрлајќи ги тврдењата на Москва, молдавските власти повикаа на смиреност кај своите граѓани, додавајќи дека тие ќе бидат навремено известени во случај земјата да се соочи со закани по безбедноста

Молдавија ги отфрли тврдењата на руското Министерство за одбрана дека Украина планира ја нападне молдавската автономна покраина Приднестровје, објави Ројтерс.

Повикувајќи се на ставот на молдавската влада објавен на нејзиниот канал на Телеграм, новинската агенција пишува дека државните власти на Молдавија не ги потврдуваат руските наводи за наводен напад кој Киев го планира на нејзината автономна покраина.

„Повикуваме на смиреност и на информираност на јавноста од официјални и веродостојни извори на Република Молдавија“,

се вели во соопштението на владата на Молдавија.

Молдавските власти дополнително додаваат дека соработуваат со странски партнери, а во случај на безбедносни закани по земјата, јавноста ќе биде навремено информирана.

Реакцијата на Молдавија следува откако Москва го обвини Киев дека во блиска иднина подготвува инвазија на молдавската автономна покраина Приднестровје што се граничи со Украина, а каде што Русија има свои трупи. 

Руското Министерство за одбрана тврди дека како изговор за нападот, Киев планира да изврши наводна инвазија на руските војници кои се стационирани на територијата на молдавската покраина.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Стефковски на средба со претставници од Светска банка

Следно

Спасената тинејџерка по 248 часа проговори за првпат по преживеаниот пекол под рушевините – од овие зборови ќе се наежите (ВИДЕО)

Latest from Blog