Мицкоски објави план за борба со загадувањето, вели решението не може да биде магија, опозицијата со контра-обвинување

November 12, 2024
1 min read

Скопје и денеска го зазема врвот на листата на најзагадени градови во Европа. Според специјализираната интернет страница за следење на квалитетот на воздухот во поголемите градови и главни градови во светот, „АЈ-кју ер“ денеска го рангира Скопје на 13 место во свет според загаденоста на воздухот, а на второ место во Европа.

Најзагадена е скопската општина Аеродром, односно населбите Лисиче и Ректорат.

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека Владата има план за решавање на проблемот со аерозагадувањето. Посочи дека разликата не може да се увиди веднаш-резултати вели можат да се забележат за три/четири години, бидејќи претходните години опозициската СДСМ ништо не направила.

„Ние сега сме во потрага по партнери кои на основа на пазарни услуги, а не привилигирани како што имаше стратешки инвестиции во минатото, заеднички со Владата ќе вложат во систем на затоплување на нашите домови којшто ќе биде резултат на согорување на природен гас-когенеративни централи и ќе произведуваат електрична енергија и гас. Имаме во план неколку да направиме и на тој начин цениме дека барем за 60% ќе биде намалено загадувањето. Почнуваме да го развиваме, не може денеска да се реши можеби за три, четири години од денеска бидејќи досега не е ништо направено. Магија не постои, чудо не постои.“ – рече Мицкоски.

Аерозагадувањето повторно причина плус за партиски препукувања. СДСМ со став.

„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Платформа 1198, стои, дека, цитирам, приоритетни програмски определби на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во областа на заштитата на животната средина ќе бидат: План за обезбедување на чист воздух за сите. Кога беше во опозиција Христијан Мицкоски ветуваше над 1 милијарда евра инвестиции за заштита на животната средина и ветуваше намалување на загадувањето до 50%. Каде е сега милијардата којашто ја најавуваше Мицкоски за борба против загадувањето? Каде се мерките за намалување на загадувањето за 50%?“ – Богданка Кузеска-портпаролка на СДСМ.

Министерство за животна средина и просторно планирање со став дека направен е план за посета и инспекторирање на индустриските капацитети што поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола. Посетите ќе се одвиваат по плански региони во државата, а екипата ќе биде составена од претставници на Државниот инспекторат за животна средина и од Министерството. Целта не е само да се изврши контрола на индустрискот капацитет дали ги исполнува обврските од дозволата, туку и да се влијае на подигање на свеста.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина еден од најталентираните еквадорски фудбалери, имаше само 23 години

Следно

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе се обрати на настан по повод 80 години од ослободувањето на Скопје

Latest from Blog

СО ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ ПРИМАДОНАТА ЃИНОВСКА-ИЛКОВА ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛ ВО РИМ, ПИСАТЕЛКАТА ТРАЈАНОСКА ЌЕ ГОВОРИ ЗА 100 ГОДИНИ ОД ПРВАТА ОПЕРА „ГОЦЕ“

Оперската примадона Весна Ѓиновска-Илкова на 24 јули со дела од македонски композитори ќе настапи во Рим, на музичкиот фестивал на народите Римски ноќи, во театарот „Марчело“. Ѓиновска-Илкова, во Рим гостува со пијанистката

Муцунски: Поновите земји членки е сведочат за трансформативната моќ што ја овозможува членството во ЕУ

Министерот за надворешни работи и меѓународна трговија Тимчо Муцунски на дебатата „Премостување на јазот во довербара во приближувањето на Западен Балкан во евроинтеграциитте“, во организација на Атлантскиот совет говореше за значењето за

Претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница во посета на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе го посетат претставници на Меѓународната организација – Транспортна заедница. Како што информираат од собраниската прес-служба, претставниците на Меѓународната организација – Транспортна заедница ќе остварат средба

Реал и Дортмунд ќе водат битка во четвртфиналето, но браќата Белингем нема да играат еден против друг!

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд синоќа ја оправдаа фаворитската улога и се пласираа меѓу осумте најдобро на Светското клупско првенство каде ќе имаат меѓусебен дуел. Многумина можеби очекуваа и братски дуел на
Go toTop