Мицкоски: Не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала

1 min read

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук пишува дека не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала.

„Политичките манипуланти, владата на ДУИ поддржана од СДСМ не ја говори вистината кога вели дека инфлацијата и високите цени на основните прехрамбени производи се увезени.

Имено, трошоците за живот во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се зголемени за 17,1%, а цените на храната и безалкохолните пијалоци за истиот период се повисоки за цели 25,1%, според државниот завод за статистика (слика 1).

Само за споредба, според EUROSTAT, во еврозоната инфлацијата во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се очекува да биде 8,5% (слика 2), двојно помалку од таа во Македонија.

Имаме план, знаеме како да се справиме со предизвикот. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред“, стои во неговиот пост на Фејсбук.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Речиси 6.500 бебиња се родени во јужна Туркије по двата земјотреса што го погодија регионот

Следно

НОВ ЗЕМЈОТРЕС ПОПЛАДНЕВО – тлото во Турција не мирува!

Latest from Blog