Мир со Русија е можен само со наша победа на бојното поле, вели Зеленски

1 min read

Украинскиот претседател истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина ѝ треба сè што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат, како помош во оружје и муниција

Единствениот услов под кој е можно да се постигне мир со Русија е победа на Украина на бојното поле во земјата, изјави денеска претседателот Володимир Зеленски, пренесе агенцијата УНИАН, повикувајќи се на неговата изјава за време на посетата на селото Јагодно во областа Чернихивска.

„На кој начин може да се постигне мир со Русија? Само со победа на бојното поле во нашата земја, да се запре Руската Федерација“,

рече Зеленски.

Според него, во спротивно, по Украина, Русија ќе тргне кон Европа.

„Веќе можете да го видите резултатот од тоа што окупаторите им го прават на градовите во нашата земја“,

кажа украинскиот претседател.

Зеленски истакна дека за да ја постигне оваа цел, на Украина ѝ треба сè што нејзините партнери имаат и можат да обезбедат, како помош во оружје и муниција. Тој изрази благодарност до сите партнери за веќе дадената поддршка, која ќе помогне да се спасат животите на Украинците.

Претседателот Зеленски престојуваше во селото Јагодно, во северниот украински регион Чернихив, за да ѝ оддаде почит на храброста на речиси 400-те жители кои Русите ги држеа 27 дена во подрум од локално училиште, пред да бидат ослободени, јавија британските медиуми.

Зеленски во посетата на Јагодно беше придружуван од германскиот вицеканцелар Роберт Хабек и генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

УНЕСКО и Европската комисија почнуваат образовна кампања против антисемитизмот

Следно

Силен земјотрес го погоди островот Суматра во Индонезија

Latest from Blog