Миовски: Предвреме ја завршив сезоната, но добра вест е тоа што…

1 min read

Македонскот репрезентативец Бојан Миовски ги сподели првите информации поврзани со неговата повреда на глуждот на левата нога. Напаѓачот на Абердин во средата се повреди по еден груб старт на противнички играч и натпреварот со Сент Мирен го заврши по само 34 минута.

По завршувањето на овој натпревар, на кој Абердин славеше со 3-0 и обезбеди меѓународна сцена, Миовски со објава на социјалните мрежи ја објасни моменталната состојба со повредата. Добро е што нема скршеница, но за него сезоната е завршена.

„За жал, предвреме ја завршив сезоната со повреда на зглобот, а добрата вест е дека нема скршеница. Утре ќе имам дополнителни прегледи на лигаментите. Ви благодарам на сите за пораките, ќе се вратам посилен“, напиша Миовски на социјалните мрежи.

Тоа значи дека Миовски нема повеќе да го видеме во дресот на Абердин оваа сезона, а допрва ќе биде познато дали воопшто ќе може да конкурира за натпреварите за Македонија со Украина и Англија идниот месец во квалификациите за Европското првенство во Германија.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Зеленски: Наскоро ќе се појави еден од најсилните сигнали дека Русија изгубила

Следно

Турски „музеј на мраз“: Уникатна прошетка на минус пет степени

Latest from Blog