„Матица македонска“ вечерва ќе го промовира романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски

1 min read

Во рамките на неделата на македонските автори, вечерва (петок) во 19 часот, „Матица македонска“  од Скопје ќе го промовира романот  „Кралот од Алшар и изворот на животот“ од Филип Петровски. Со јазик прифатлив за широк круг на читатели, авторот пишува за новото време проткаено со чипови, замоци и скриени знаења, кои ја ткаат авантурата што претстои низ Бислим, Кокино и Кожуф.

Романот „Кралот од Алшар и изворот на животот“ е трето прозно остварување на младиот автор Филип Петровски  (Куманово, 1993), а ќе го промовираат  професорките Соња Тодоровска и Анита Цветковска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

Претходно

Тен Хаг задоволен од пласманот во ЛШ, но бара засилувања

Следно

Руски нафта и гас не прекинаа да течат преку Украина

Latest from Blog