Малта ќе ја признае државата Палестина во септември

July 30, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Малта ќе ја признае државата Палестина за време на Генералното собрание на ОН во септември, објави премиерот на земјата, Роберт Абела, јавува Анадолу.

„Ставот на нашата земја ја одразува нашата посветеност на наоѓање решение во корист на траен мир на Блискиот Исток“, напиша Абела во објава на Фејсбук синоќа.

Соопштението на Абела дојде само неколку часа по сличната изјава на британскиот премиер Кир Стармер и по неколку дена откако Франција ги откри своите планови за признавање.

Абела првично ги објави плановите за признавање на државата Палестина во мај, наведувајќи дека тоа ќе се случи за време на конференцијата на ОН за Палестина во јуни; сепак, конференцијата подоцна беше одложена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Царинска управа: Кривична пријава за криумчарење пиротехника – запленети и цигари и фалсификувана стока

Следно

Вардар – Пелистер во првото коло од новата сезона на ПМФЛ

Latest from Blog

Меџити: Околу еден милион евра инвестираме во базен за нашите деца во Чаир

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска изврши увид во работите на новиот базен во училиштето „7 Март“. Тој посочи дека изградбата се одвива според планираната динамика и
Go toTop