МАЛМЕД издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“

1 min read

Агенцијата за лекови МАЛМЕД претпладнево издаде одобрение за увоз на лекот „Трикафта“ наменет за пациентите со цистична фиброза, потврди за МИА директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани.

Тој истакна дека се завршени сите процедури за одобрување на увозот на лекот и сега останува уште да се реализира постапката.

Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ наменет за осумтемина најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, додека за обезбедување на редовно снабдување со лекот за сите останати заболени потребни се законски измени.

Владата информира дека веќе е подготвен Предлог-закон за измена на правилата за јавни набавки, со кои би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата единствен производител лекот „Трикафта“ и кој треба да биде усвоен од страна на Собранието.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Бајден со воз патувал од Полска до Киев, на Зеленски му ветил дополнителна воена помош и нови санкции против Русија

Следно

Вработените во Пошта излегуваат на протест ако во рок од пет дена немаат средба со Владата

Latest from Blog