Македонските фудбалерки ја совладаа Летонија на стартот на евроквалификациите

April 5, 2024
1 min read

Македонската женска фудбалска репрезентација победнички го почна настапот во Лига Ц од квалификациите за Европското првенство 2025, совладувајќи ја вечерва Летонија на гостински терен во Рига со 4-3 (3-1).

Домашната репрезентација дојде во водство во 7. минута со голот на Карлина Максоне, но македонските фудбалерки во следните 25 минути целосно го свртеа резултатот во своја корист преку Гентјана Рочи (17. минута), автоголот на Анастасија Рочане (25) и капитенот Наташа Андонова (32).

Во вториот дел уследи уште еден автогол на домаќинките преку Ана Кристине Корнела за водство на Македонија во 69. минута од 4-2, а конечниот резултат го постави Анастасија Полоховича во 76. минута.

Избраничките на селекторот Александар Андов, кој денеска дебитираше на македонската клупа, во второто коло, на 9 април во Скопје, ја пречекуваат селекцијата на Словенија, која во воведното коло на домашен терен беше поуспешна од Молдавија со 2-0.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Пукна брана во Русија, во тек е итна евакуација

Следно

Која ќе биде? Овие две актерки во трка за новата Бонд девојка

Latest from Blog

Смртоносен напад на мечка во Јапонија

ИСТАНБУЛ (АА) – По смртоносниот напад врз доставувач на весници, вчера за прв пат оваа година, во Хокаидо, најсеверната префектура во Јапонија, е издадено предупредување за напад на кафеава мечка, објави денес

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop