Македонската фудбалска репрезентација до 18 години поразена од Црна Гора

1 min read

Младата репрезентација на Македонија до 18 години на стадионот „Тополица“ во Бар го одигра првиот од двата предвидени контролни натпревари против соодветната селекција на Црна Гора.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа под очекувањата и беа поразени до 3:0 од домаќинот, информира ФФМ.

Скробановиќ во 29. минута од средбата го постигна водечкиот погодок за Црна Гора. На 2:0 зголеми Вукчевиќ во 43. минута. Конечните 3:0 ги постави Перовиќ во последната минута од мечот.

Втората контролна средба помеѓу овие две репрезентации ќе биде одиграна утре, 4 мај со почеток од 12 часот. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Уапсен таткото на момчето што пукаше во училиштето на Врачар

Следно

РАСПРОДАДЕНО Е ОТВОРАЊЕТО НА МАЈСКИТЕ ОПЕРСКИ ВЕЧЕРИ СО ПРЕМИЕРАТА НА „НАБУКО“

Latest from Blog