Љубовен хороскоп за ноември 2025

November 2, 2025
7 mins read

Некои сингл Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат потенцијалниот партнер со својот надмен став дека треба да се „главни“. Што да очекуваат Лавовите во врска и останатите 11 знаци на љубовно поле во ноември 2025?

За некои знаци, ноември ќе донесе недоразбирања и ќе ја стави нивната врска или брак на тест, додека за други ова ќе биде месец на вистинско уживање.

Некои од слободните знаци, ќе треба да прифатат дека нивниот љубовен статус нема да се смени ни месецов.

Што му носи ноември 2025 на секој хороскопски знак на љубовно поле?

Овен

Ако сте во врска:

Доколку сте во долга, стабилна врска, ова ќе биде период во кој ќе сакате да го промените вашиот статус.

Потребна ви е промена, а резултатот може да биде и позитивен и негативен – да раскинете или да се свршите, но тоа зависи најмногу од вас.

За оние кои се веќе во брак, во ноември следат неколку нови љубовни предизвици и искушенија.

Ако сте сингл:

Овните кои се сингл, можно е да обноват стара емотивна врска и тоа со личност со која, од некоја причина, одеднаш и бурно сте ја прекинале љубовната идила.

Ако сакате да ѝ дадете нова шанса на старата љубов, сега ќе имате можност да го направите тоа.

Можно е сè да се одвива многу брзо меѓу вас, особено ако во меѓувреме сте се промениле и сте сфатиле дека не е можно да го промените партнерот, туку само вашиот став кон ситуацијата и околностите.

Бик

Ако сте во врска:

Биковите во брак или долга врска, месецов е пожелно да избегнуваат конфликти – партнерот ќе биде расположен за расправии, каприциозен и неодговорен.

Доколку ви каже тешки зборови, можно е да не ги мисли навистина, но сепак да му „избегаат“, па тоа да предизвика уште поголема нетрпеливост меѓу вас.

Ако имате паралелна врска, внимавајте, бидејќи постои опасност сè да излезе на виделина.

Ако сте сингл:

Доколку не сте во врска, ќе имате можност да обновите комуникација или да почнете врска со личност која имала посебно место во вашето срце во минатото.

Постои можност поради променетите животни околности, вашата врска сега да биде многу подобра од порано.

Некои Бикови ќе изберат забава без обврски, базирана на страст и силна физичка привлечност, но во тој случај важно е да внимавате на несаканите последици и да не очекувате премногу.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе се најдете во непријатна ситуација да треба да изберете помеѓу обврските на работа и емоционалниот живот, бидејќи веќе некое време едното трпи за сметка на другото.

Ќе мора да најдете компромисно решение и да се фокусирате на она што е најдобро за вас, иако, според поставеноста на ѕвездите, многумина ќе решат да ја жртвуваат врската и да раскинат, а да се фокусираат на работата.

Ако прекинете една врска, нема да страдате премногу, бидејќи на повидок е нова љубов.

Ако сте сингл:

Можно е месецов да доживеете романса со деловен партнер, без оглед дали ќе одите на службено патување или ќе имате поинтензивен контакт со некој од бизнис опкружувањето кај нас.

Она што ќе почне како кратка, интензивна афера, за некои Близнаци може да се претвори во долга врска.

Но, ќе има и такви кои не помислуваат на врска, па во ноември ќе се посветат само на себе и на уживањето со пријателите.

Рак

Ако сте во врска:

Во овој период, навистина ќе уживате во сите придобивки кои ви ги нуди љубовта.

Ова е период во кој можете да ги надминете проблемите со партнерот, па обидете се да направите сè што е во ваша моќ да го подобрите квалитетот на врската.

Не очекувајте чуда и запомнете дека сè што е убаво има крај, или барем подеми и падови, кои ќе се појават како предизвик што мора да го надминете.

Ако сте сингл:

Ако сте жена родена во овој знак, обрнете внимание со кого влегувате во врска, зашто она што го гледате може да е само проекција на вашите соништа и идеали.

Помладите Ракови, пак, може да се соочат со непланирана бременост, проследена со страв и жалење.

А ако сте во вонбрачна врска, ќе бидете во ситуација да избирате помеѓу две можности, па на средината на ноември ќе почнете да размислувате за компромиси.

Лав

Ако сте во врска:

Секој разговор со саканата личност месецов може да се претвори во расправија или конфликт на мислења, па би било добро да ги бирате зборовите за да не се каете подоцна.

Ако се случи да кажете нешто што не го мислите во текот на жолчна дискусија, обидете се веднаш да си ја исправите грешката.

Ако сте во брак, ова е идеално време за големи животни промени или за преселба – некои ќе создадат семејство, некои ќе го напуштат.

Ако сте сингл:

Ова е месец во кој не треба да очекувате голема промена во вашиот љубовен живот.

Можни се повремени флертови, претежно преку социјалните мрежи, но тоа нема да ви донесе ништо конкретно, освен можеби само моментално задоволство.

Некои Лавови ќе имаат можност за почеток на нова врска, но ќе го избракаат потенцијалниот партнер со својот надмен став дека треба да се „главни“.

Девица

Ако сте во врска:

Ноември ќе биде променлив месец на љубовно поле, а вие, колку и да се трудите да му угодите на партнерот, многу ќе се најдете во расправија со неа/него.

Ова ќе предизвика заладување на односите помеѓу вас, па ќе почнете да размислувате дали вреди да се трудите или треба да ја прекинете врската.

Доколку сте во навистина долга врска, не избрзувајте со одлуката, каква и да е таа, туку размислете убаво што сакате и што е најдобро за вас.

Ако сте сингл:

Месецов ќе дојде до подобрување на емоционално ниво, а некоја невозможна љубов, која до неодамна била само фантазија, сега може да стане реалност.

Почетокот на месецот ќе биде обележан со романтични соништа и ќе имате можноси за нови познанства.

Но, избегнувајте виртуелни врски бидејќи тие ќе ви одземат многу време, а нема да ве направат среќни на долг рок.

Вага

Ако сте во врска:

Ако сте во врска, вашите емоции ќе бидат разбранувани во овој период, па бидете одмерени и не реагирајте нагло, а сите проблеми решавајте ги со отворен разговор.

Доколку вашите родители не го сакаат вашиот партнер, ќе мора да балансирате и да правите компромиси меѓу нив.

Ако сте во брак, притисокот и обврските ќе ви изгледаат неподносливи, но разговорот со брачниот партнер решава сè.

Ако сте сингл:

Слободните Ваги може да се подготват за изненадување овој ноември – во игра се различни комбинации, а една од нив е поврзана со работата или со колегите.

Ќе ви се допадне некој кој можеби е надвор од вашиот дофат поради голема разлика во воспитувањето, образованието или социјалниот статус.

Дури и да почнете врска, можни се проблеми уште на самиот почеток, бидејќи ќе ја криете вашата несигурност со тоа што ќе се однесувате темпераментно и агресивно, па внимавајте да не го/ја избркате уште пред да почнете нешто.

Скорпија

Ако сте во врска:

Во текот на целиот месец ќе биде нагласена емоционалната напнатост и на површина ќе излезе вашиот гнев кон партнерот.

Имате впечаток дека саканата личност е виновна за сè и нема да го премолчувате тоа.

Наместо да обвинувате други, би било добро да го преиспитате сопственото однесување и ставовите и да му дозволите на партнерот да има свое мислење.

Ако сте сингл:

Скорпиите кои се сами, месецов ќе имаат можност да запознаат исклучително интригантна личност, која ќе им се појави сосема случајно во животот.

Ова ќе го сметате за судбина и нема да сакате да ја пропуштите можноста да изградите нешто со неа/него.

Сепак, не фантазирајте премногу, туку отворете ги очите широко и гледајте реално на работите, зашто можеби не се онакви какви што ги замислувате.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ова е идеален период за романса и љубов, особено ако сте во долгогодишна врска, па на почетокот на месецот ќе слушнете добри вести поврзани со иднината.

Ќе се сложувате добро со партнерот и ќе правите планови за заеднички живот, а бидејќи сè уште не знаете каде би живееле, решението на овој проблем ќе се појави неочекувано на средината на месецот.

Оние кои се во брак, би можеле да се соочат со зголемена љубомора кон партнерот.

Ако сте сингл:

Слободните Стрелци ги очекува незаборавна романса како од филм, но за жал, таа нема да трае долго.

Бидете внимателни, бидејќи во реалноста не е сè секогаш толку убаво како што изгледа на почетокот на врската.

Можно е до крајот на ноември да дознаете работи поради кои ќе посакате да избегате што подалеку.

Јарец

Ако сте во врска:

Јарците кои се во брак ќе имаат проблеми во љубовта, најмногу предизвикана од недоразбирања поради финансии, но и од стрес од работата.

Бидејќи парите ќе бидат проблем и за двајцата, кавгите се неизбежни, а меѓусебните обвинувања ќе го зголемат непријателството.

За среќа, ситуацијата ќе се смири, а серијата кавги и закани за разделба ќе заврши со страсно смирување.

Ако сте сингл:

Би било добро да поставите јасна граница помеѓу пријателство и играта на заведување во која сака да ве вовлече некој близок.

Некои Јарци може да ја сретнат личноста за која сонуваат подолг период, а средбата може да се случи буквално секаде.

Доколку ова се случи во првата половина од месецот, бидете многу внимателни, зашто лесно може да се „изгорите“.

Водолија

Ако сте во врска:

Кај Водолиите во брак, се можни расправии околу деца, пари или поради постојаните провокации на партнерот.

Внимавајте што зборувате, бидејќи лесно може да кажете нешто што ќе го повреди вашиот партнер многу и нема да сака да ви прости.

Паровите кои се во долга врска ќе мора да ги преиспитаат вредностите за кои се залагаат, а ако врската ви е во криза долго време, конечно би можела да настане пресвртница.

Ако сте сингл:

Слободните припадници на овој знак би можеле да запознаат интригантна личност преку работата.

Ова е месец за љубов, а во сите нови врски ќе бидат нагласени хемијата и неверојатната физичка привлечност меѓу вас и новата личност во вашиот живот.

Но, можни се недоразбирања во вербалната комуникација, па не се обидувајте да ја вклопите врската во добро познати калапи.

Риби

Ако сте во врска:

Вие сте на прагот на емотивна пресвртница, без разлика дали сте во врска или во брак.

Ќе бидете изненадени од страстите што неочекувано се будат, потребата да го заведете партнерот со кого сте заедно подолго време и повторно да се почувствувате како на почетокот на љубовта.

Луѓето кои се во брак ќе размислуваат за преселба и промена на живеалиштето – некои во земјава, други ќе сакаат да заминат во странство.

Ако сте сингл:

Личност полна со самодоверба и магнетски привлечна, упорна и решителна, ќе проба сè за да ве освои и нема да се откаже.

Дајте ѝ/му шанса, зашто ненадејната бура од емоции може да ве извади од комфорната зона и да направи да се чувствувате убаво.

На љубовно поле овој ноември не е исклучено да ви се случи нешто ново и неочекувано, па бидете отворени за промените.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

До 9 часот во Дебар гласале 1% од избирачите

Следно

Трамп ѝ се закани на Нигерија: „Ако нападнеме, тоа ќе биде брзо, сурово и слатко“

Latest from Blog

Во Струга до 15 часот излезноста е 27,5% во вториот круг

До 15:00 часот излезноста во Струга и струшкиот регион изнесува 27,5%, соопшти претседателот на Општинската изборна комисија Минир Жута. Гласањето се одвива без поголеми забелешки, со редовен тек на избирачките места. Изборниот

Диар Ајрулаху, 15 годишниот репрезентативец на У-15 кој блеска надвор од државата

Диар Ајрулаху, 15 годишник од Македонија, воодушевува со своите настапи на меѓународниот фудбалски турнир што моментално се одржува во Албанија. Избран за репрезентацијата У-15 на Македонија, Диар го привлекува вниманието на тренерите

Де Роси најверојатно ќе ја преземе Џенова

Даниеле Де Роси е најсериозен кандидат да биде нов тренер на тимот на Џенова, откако менаџментот на клубот одлучи да му врачи отказ на Патрик Виера. Клубот во моментов е во потрага
Go toTop