ЛШ: Неверојатен пресврт и победа на Реал Мадрид против Ливерпул

1 min read

Реал Мадрид го потопи Ливерпул на Енфилд, а по првите 15 минути од мечот не изгледаше така, кралскиот клуб со голем пресврт дојде до убедлива победа од 5-2.

Реал Мадрид направи огромен чекор кон пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, по првата пресметка со Ливерпул има три гола предност.

Црвените имаа старт од соништата на мечот. Во четвртата минута Дарвин Нуњез постигна фантастичен гол со пета за водство од 1-0.

Десет минути подоцна огромен кикс направи Куртоа и му подари гол на Салах за водство на Ливерпул и од 2-0. Во овие моменти никој не можеше да замисли што ќе следува во продолжението од мечот.

Во 21. минута Винисиус Жуниор со соло мајсторија намали на 2-1, а во 36. минута Алисон направи голем кикс и го врати подарокот кој го добија од Куртоа. Винисуис беше стрелец и на овој гол.

По само две минути игра во второто полувреме, Модриќ нафрли од скратен корнер, Милитао погоди со глава за комплетен пресврт и водство на Реал Мадрид од 3-2.

Потоа на сцена стапи Карим Бензема. Во 55. минута со помош на Гомез погоди за 4-2, а во 67. минута даде гол и за 5-2.

 

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Пешевска: Македонскиот јазик е бисерен ѓердан, нижен со векови, буква по буква, збор по збор!

Следно

Мурињо се враќа во Интер?

Latest from Blog