Лавров: Русија сака конфликтот во Украина да заврши, но ќе одговори на испраќање западно оружје во Киев

1 min read

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари минатата година, а Западот одговори на почетокот на војната со испраќање оружје и пари во Украина за да може да се одбрани

Русија сака конфликтот во Украина да заврши, но ќе одговори на испраќање западно оружје во Киев, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Според него, руските сили ќе одговорат на испраќањето западно оружје со долг дострел во Украина со потиснување на украинските сили подалеку од нивните граници.

На овој начин Русија планира да создаде, според неговите зборови, „безбедна тампон зона“. Во интервју за руската државна телевизија, Лавров рече дека „сите би сакале конфликтот во Украина да заврши, но поддршката на Западот за Киев игра важна улога во тоа како Русија ќе се позиционира“.

Русија започна инвазија на Украина на 24 февруари минатата година, а Западот одговори на почетокот на војната со испраќање оружје и пари во Украина за да може да се одбрани.

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Во Скопје ќе се отвори уште едно болничко одделение за лекување на рак

Следно

Австрија протера четворица руски дипломати поради кршење на меѓународни договори

Latest from Blog