Ласовска во 24 анализа: Гневот и изјавите на родителите од Кочани се оправдани

June 12, 2025
1 min read

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласовска во 24 анализа рече дека изјавите на родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се оправдани.

Таа објасни и дека очекува правда и секој засегнат да одговара. 

„Се надевам дека истрагата е професионално направена, дали ќе бидат задоволни сите ќе видиме и се надевам дека правдата ќе биде задоволена, на родителите им е најтешко. Ништо не може да ги врати животите. Имам во загинатите и луѓе кои ги познавам, ме вознемирува тоа и после 3 месеци. Имам и во Штип луѓе кои ги загубија животите и ги познавам. Се надевам дека ќе дојде правдата за сите кои постапиле или не постапиле за да се случи тоа што се случи. Ситемот не чини и системот сме сите ние но треба да придонесуваме да не се случи тоа. Се надевам дека правдата ќе дојде. 

Гневот на родителите и изјавите и се што не случува не би коментирала, оправдано е. Ќе си дозволам да искоментирам само дека нивната мака и гнев за жал е злоупотребен политички од опозицијата, немајќи програма и кредибилитет да говорат за жал ја злоупотребуваат трагедијата за дневно политички препукувања со власта. Не се сеќавам во историјата на државата да имало толку многу обвинети и оставам на институциите да го решат ова и да нема одлагање и бавна правда за да биде маката поголема“, рече Ласовска.

Објасни и дека преку отворената телефонска линија ќе бидат контактирани сите родители и сите преживеани со цел да им се помогне. 

„Преживеаните заслужуваат помош. Ние како влада треба да ги слуншеме и се надевам дека сите нивни барања без разлика од каков аспект треба да им излеземе во пресрет и да им помогнеме барем во тој дел да немаат проблеми во животот понатаму. Граѓаните треба да знаат дека СДСМ бараше закон за Кочани и на крај не го галсаше. Нема друг коментар освен Хипокризија. Денеска ја гледав прес-конференцијата на владата, важно е не само дека ќе помагаме, туку делата се битни, отворена е телефонската линија од таа линија контактирани се семејставта и сите нивни потреби од креми, мерки за компресивна облека, медицински тимови и екипи и веќе се работи на тоа. Владата донесе одлука Пониква да се даде како простор за рехабилитација. Не се условите катастрофални само во Кочани сегде се, тоа е  предизвик за новиот министер за здравство. Тој треба да работи прво за Кочани, да работи на барањата на родителите, преживеаните и сите барања да се задоволени без приговор“, додаде Ласовска.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Томовски за злоупотребите во Владата: Прв пример ни е Маричиќ, најголем потрошувач!

Следно

Томовски: Во текот на летниот период сите службени возила ќе бидат обележани!

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop