Костовски: Започнаа градежните работи за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци

December 2, 2025
1 min read

Градежните активности за изградба на водоводната мрежа во Љуботен и Љубанци напредуваат со одлична динамика, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Тој заедно со општинскиот тим денес изврши увид на терен, оценувајќи го проектот како „историски и од огромно значење за жителите на овие две населени места“.

Според Костовски, и покрај сомнежите и постојаните оспорувања од политичките опоненти, проектот веќе е реалност. Во моментов се работи на поставување на цевки на вториот крак од водоводот во насока на резервоарот во Љуботен, а за краток временски период се поставени стотици метри цевковод на два различни делови од трасата.

„Финансирањето за реализација на проектот е обезбедено од Владата на Република Северна Македонија преку Министерството за транспорт и врски, кое додели значителна сума средства за овој капитален проект што ќе им обезбеди чиста и безбедна вода за пиење на жителите преку градскиот водовод на Скопје“, истакна Костовски.

Костовски исто така изрази благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, како и до вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски, за огромната поддршка во реализацијата на овој исклучително значаен проект за општината и жителите на овој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

Latest from Blog

Дезире Дуе е “Голден бој“ за 2025! Починатиот Диого Жота прогласен за “Златен играч“!(ФОТО)

ФОТО: Paris Saint-Germain/X Младата ѕвезда на ПСЖ, Дезире Дие е најдобриот млад играч под 21 години. Со тоа напаѓачот на европскиот шампион ја доби и наградата “Голден бој“ во манифестацијата која се

Припадниците на овие хороскопски знаци се најголемите манипулатори

Се вели дека некои хороскопски знаци се повеќе склони кон манипулации од другите, според астролозите. Манипулацијата е сложен термин кој се однесува на стекнување контрола, но влијание врз другите на начин кој

СДС да каже каде завршиле 800.000 евра, скроиле 2 нови тендери за 20.000 тони јачмен и пченица како камуфлажа за отпишаните 2.000 тони од стоковите резерви

СДС цела недела молчи за празнењето и препродавањето на стоковите резерви на црните пазари во ек на криза. СДС молчи за отписот на 2.000 тони јачмен и пченица од стоковите резерви на

Гурманска хистерија во Сиднеј: Луѓе со часови чекаат во редици само поради едно јадење (ВИДЕО)

Станува збор за ресторанот Gyukatsu Kyoto Katsugyu, популарен јапонски синџир кој ги отвори своите први врати во Австралија во саботата, а е познат по своите познати панирани говедски стекови, пишува Daily Mail.
Go toTop