КК Пелистер пораззен во АБА2 лигата од тимот на Џокер

October 30, 2024
1 min read

Кошаркарите на Пелистер вечерва во Битола, го пречекаа српски Џокер и на крајот беа поразени со 77:81.

Пелистер одигра одлично прво полувреме во кое се чинеше дека ги има коците во свои раце. Избраниците на Петровиќ ја добија првата четвртина со 20:17, а во вториот период одиграа егал со што предноста од три поени ја задржаа и заминаа на пауза.

Сепак, како и многупати досега, третата четвртина се покажа како кобна за битолчани. Џокер влезе во вториот дел фуриозно и успеа да направи разлика која ги донесе до конечен триумф.

Ова е втор пораз за Пелистер во досегашните три кола, додека Џокер има 100% ефект.

Едвардс со 18 и Мишковиќ со 16 поени беа најефикасни кај Пелистер.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Во Франција минатата година починале најмалку 735 бездомници

Следно

Македонските домаќинки не бараат работа

Latest from Blog

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство

Арабел Рустемовски освои бронзен медал на Европското јуниорско првенство во Нови Пазар, Србија. Арабел загуби од Владимир Мшецјан од Ерменија 1-4, односно 1-2 во рунди. Ова е голем успех за Арабел, Македонија

Авионска дезинсекција против комарци во среда во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 16.07.2025 година (среда), во раните утрински часови ќе се реализира авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против  ларви од комарци. Доколку временските услови не
Go toTop