Кисела Вода го одбележа Националниот ден на унгарскиот народ

1 min read

Свежо цвеќе пред спомен одбележјето на Шандор Петефи во населбата Драчево, положи градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Заедно со унгарскиот амбасадор, Андраш Клајн, денес кога Унгарците ширум светот го одбележуват својот национален ден, се поклонија пред херојот, кој е една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава.

-Убавината на пријателството е во споделувањето на важните моменти. Во миговите кои ни се значајни и означуваат нешто големо – за нас, за нашата држава, за нашиот народ. Токму таков ден за Унгарија и унгарскиот народ е 15 Март. Денес заеднички се поклонивме пред спомен плочата на Шандор Петефи, една од клучните фигури во Унгарската револуција од 1848 година и поставувањето на темелите за целосно осамостојување на унгарската држава. Заеднички го одбележуваме Националниот ден на Унгарците и ќе додадеме уште една потврда на заемната почит која ја чувствуваат двата народа. Денес, додека стојам пред спомен обележјето на Шандор Петефи, на истоимената улица во Драчево, сакам да истакнам дека добрата соработка што ја имаме со Република Унгарија, со Унгарците и со нивното здружение “Теледом”, ќе ја интензивираме. Преку нови заеднички проекти уште повеќе ќе придонесеме кон зближување на македонскиот и унгарскиот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, уште еднаш честитајќи им на присутните.

Свое обраќање имаше и амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, н.е. Андраш Клајн, кој на настанот беше придружуван од военото аташе, полковник Хари Саболч и неколку претставници од амбасадата на Унгарија, како и од Претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија, “Теледом”, Јожеф Шутуш. Амбасадорот Клајн ја нагласи важноста на денешниот празник за сите Унгарци низ светот и упати благодарност кон градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и општина Кисела Вода. Наведе дека на негово големо задоволство, посветената работа на зближување на двата народа, македонскиот и унгарскот, продолжува.

 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Единаесет загинати и над 3500 повредени на фестивал на огнот во Иран

Следно

Бензема останува во Реал

Latest from Blog