Израелски војници ги фрлаат телата на убиените Палестинци од зграда на Западниот Брег

September 20, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелските сили продолжуваат со бруталните напади врз Појасот Газа, но и врз окупираниот Западен Брег, а свирепоста на израелските војници најдобро ја илустрира видеото споделено на социјалните мрежи на кое се гледа како ги клоцаат и ги фрлаат тела на убиените Палестинци од покривот на зграда, пренесува Анадолу.

Видеото е објавено на социјалните мрежи, а настанот се случил за време на вчерашната рација на израелските војници во местото Кабатија кај Џенин, во северниот дел на окупираниот Западен Брег.

За време на рацијата израелските војници ја опколиле зградата и убиле најмалку тројца Палестинци.

Според очевидци, израелските војници ги фрлиле телата на убиените Палестинци од покривот на зградата.

Ова го потврдуваат и видеата објавени на социјалните мрежи.

Очевидци изјавија дека телата на убиените Палестинци подоцна биле однесени со булдожери на израелската армија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Божиновска: Целиме кон енергетска стабилност и независност преку силни инвестиции во нови производни капацитети

Следно

Мајкл Џордан присуствуваше на натпреварот Монако-Барселона

Latest from Blog

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и

Ирански ракети завршија во американски бази во Катар

Се раширува периметарот на иранските напади откако иранската државна радио-телевизија соопшти дека иранските вооружени сили лансирале балистички ракети кон американски воени бази на Блискиот Исток, со фокус на позиции во Катар и
Go toTop