Израелската војска изврши напади врз болници во северна Газа

December 24, 2024
1 min read

ГРАД ГАЗА (АА) – Израелската војска продолжи да напаѓа болници додека Тел Авив продолжува со смртоносната офанзива во северниот дел на Појасот Газа, јавува Анадолу.

Очевидци изјавија дека израелските сили извршиле опсада на Индонезиската болница во источна Џабалија со силни истрели околу објектот.

Армијата им нареди на медицинскиот персонал, пациентите и раселените цивили засолнети во болницата да се евакуираат од медицинската установа и веднаш да се упатат кон градот Газа, додадоа тие.

Израелска артилериска граната ја погоди и болницата „Ал-Авда“ на подрачјето на Тел ал-Затар во Џабалија, изјавија очевидци.

Нападот се случи неколку часа откако управата на болницата предупреди на немилосрдните израелски воздушни напади во нејзина близина, предизвикувајќи неколку пожари.

Во меѓувреме, израелската војска продолжи со бомбардирање на палестинските домови и станбените згради околу болницата „Камал Адван“ во северниот град Беит Лахија, изјавија очевидци.

Израел ја продолжи големата копнена операција во северниот дел на Газа што ја започна на 5 октомври за наводно спречување на палестинската група на отпорот Хамас да се прегрупира. Но Палестинците го обвинуваат Израел дека сака да ја окупира областа и присилно да ги исели нејзините жители.

Оттогаш не е дозволен влез на доволни количини хуманитарна помош, храна, лекови и гориво во областа, оставајќи го преостанатото население на раб на глад.

Нападите се најнова епизода во бруталната израелска војна во Појасот Газа во која од нејзиниот почеток на 7 октомври минатата година досега се убиени над 45.300 Палестинци, главно жени и деца.

Минатиот месец Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ивона Талевска: Телевизија не е магија, телевизија е индустрија

Следно

Анализа: Сите се откажуваат од „војникот“ на Ахмети, се чека Командантот да му стави „точка“

Latest from Blog

Келог: Ако Путин дојде во Истанбул, доаѓа и Трамп

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат дека Владимир Путин ќе дојде на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече

Македонските граѓани кои планираат да патуваат од аеродромот во Тирана, на 15 и 16 мај треба да пристигнат 3 часа пред летот

Меѓународниот аеродром во Тирана, чии услуги  ги користат голем број македонски државјани објави „итно известување“ за патниците кои треба да патуваат на 15 и 16 мај. Раководството на аеродромот ги советува патниците

Прва вечер Евровизија 2025 со многу спектакл, Хрватска и Словенија не се пласираа во големото финале

Спектакуларно започна првата вечер на Евровизија 2025. Презентери на Евровизија 2025 се Хејзел Бругер и Сандра Студер. Хејзел е швајцарско-американска поетеса, а Сандра е швајцарска ТВ водителка и пејачка, која ја претставуваше

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Овластен е Мицкоски да предложи нови кадровски решенија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржа седница на која се дискутираше за актуелната економска и политичка состојба во државата. Во рамки на седницата, како што соопштија, Извршниот комитет го овласти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,
Go toTop