Израел: Испораката на помош од Египет за Газа ќе започне наскоро

October 19, 2023
1 min read

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) – Хуманитарната помош од Египет ќе биде доставена во Појасот Газа наскоро, изјави портпаролот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, јавува Анадолу.

„Испораката на помош од египетската страна во Газа ќе започне наскоро“, рече Офир Генделман, портпарол на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Сепак, тој не прецизираше датум за испорака на помошта.

Камиони со стотици тони хуманитарна помош се паркирани во близина на граничниот премин Рафа меѓу Египет и Појасот Газа, во очекување на зелен сигнал од Израел.

„Израел не се противи на ова, но мора да се погрижи оваа помош да не биде украдена од Хамас“, рече Генделман.

Израел започна масовна воздушна кампања врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас врз израелските погранични градови.

Конфликтот во Газа, која е под израелско бомбардирање и опсада од 7 октомври, започна кога Хамас ја почна операцијата „Поплава Ал Акса“, ненадеен напад со низа лансирања на ракети и инфилтрирање во Израел преку копно, море и воздух. Хамас наведе дека операцијата е одмазда за упадите во џамијата „Ал Акса“ и зголеменото насилство од страна на еврејските доселеници врз Палестинците.

Потоа израелската војска ја започна операцијата „Железни мечеви“ кон позициите на Хамас во Појасот Газа.

Газа се соочува со тешка хуманитарна криза без струја, а водата, храната, горивото и медицинските материјали се при крај.

Најмалку 3.785 Палестинци загинаа во израелските напади врз Газа од 7 октомври. Повеќе од 1.400 лица загинаа во нападите врз Израел.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

MARKETING

MARKETING

Претходно

Интересна оставка во Стејт Департментот

Следно

Трошоците на одбраната за предметите кои застарија со последните измени на КЗ паѓаат на товар на буџетот, но адвокатите ќе треба да прикажат реални трошоци, велат од Кривичен

Latest from Blog

Четири активни пожари низ Македонија

До пладне, во државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворено. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека четири од нив се уште се активни – во општина Дојран, кај селото

Ѓоковиќ: Ова не е крај за мене на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ даде интервју за новинарите, во кое кажа кои мисли дека се причините за неговиот пораз од Јаник Синер денес. “Реалноста ме стигна во последните година и половина како никогаш досега…

Хелсиншкиот комитет бара истрага за полицајците што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што се случи денеска на Бит Пазар за време на службен увид во

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја
Go toTop