Илјадници граѓани на местото на трагедијата палат свеќи, тројцата повредени се уште во критична состојба

November 2, 2024
1 min read

Во Нови Сад денеска почна тридневна жалост поради несреќата во која загинаа четиринаесет лица, а тројца се тешко повредени кога врз нив се урна бетонската настрешница на Железничката станица. Тројца од повредените кои се во УКЦ Војводина се уште се во критична состојба, јави дописникот на МИА од Белград.

Вечерва спроти Железничката станица во Нови Сад илјадници граѓани палеа свеќи и оставаа цвеќиња и играчки, како и во текот на целиот ден. Насобраните држат транспаренти со имињата на 14-те загинати во несреќата. Свеќи беа запалени и на плоштадот Слобода.

Директорката на Клиничкиот центар на Војводина Весна Туркулов денеска изјави дека тројцата повредени во несреќата пред зградата на железничката станица во Нови Сад, според последните информации, се во тешка состојба, дека се во бессознание, сите се на машини за вештачко дишење и се витално загрозени.

Туркулов рече дека денеска се направени нови операции на тројцата спасени пациенти и дека во тек е дополнителна дијагностика.

– Сите се во многу тешка состојба и се хируршки третирани. Неблагодарно е да се даваат предвидувања. Станува збор за сериозни повреди опасни по живот, така што исходот е навистина неизвесен. Сите се млади луѓе, изјави директорката на Клиничкиот центар во Војводина.

Туркулов повтори дека станува збор за сериозни повреди со нагмечувања на внатрешните органи.

– Постојано се праќаат на дополнителна дијагностика, на скенери, каде се забележува некое ново внатрешно крварење, за дополнително да се лекуваат внатрешните повреди, нагласи таа.

Во несреќата спасени се три лица, две жени на возраст од 23 и 21 година, кои неколку часа по уривањето на конструкцијата беа извлечени од под урнатините и 18-годишно момче на кое му беше ампутирана ногата.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Марковски: Ваквите наоди на ЕК се пренагласени и се однесуваат на изолирани случаи

Следно

Никола Димитров удрен

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и

Макрон повика на контрамерки поради царините на САД доколку не се постигне договор

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја осуди одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување царини од 30 отсто на увозот од ЕУ и ја повика Европската комисија да подготви соодветни контрамерки
Go toTop