И покрај масовните протести, судот во Франција одобри зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години

1 min read

Францускиот суд го потврди контроверзното зголемување на возраста за пензионирање предложено од претседателот Емануел Макрон. Со него се предвидува поместување на старосната граница од 62 на 64 години, а овој предлог предизвика масовни протести низ Франција.

Во исто време, највисокиот уставен орган на Франција ги отфрли повиците на политичките противници за референдум. Сепак, Уставниот совет соопшти дека некои членови од контроверзната реформа имаат правни пропусти.

Претходно денеска, во Париз, вооружените полицајци беа на готовност во близина на силно обезбедуваната зграда на уставниот совет, деветчленото тело кое одлучува дали некој закон е уставен.

Откако Емануел Макрон го искористи своето уставно право да воведе пензиски реформи без гласање или дебата во парламентот, улиците на Франција експлодираа од насилство и милиони излегоа да го изразат својот револт од реформата.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Гундоган од наредната сезона во Барселона

Следно

360° Како бизнис-моделот на „Бехтел и Енка“ може да биде поважен од јавниот интерес за увид во договорот за автопатите?

Latest from Blog

„КЕЈТ Е ВО КОМА, ЛУЃЕ ВКЛУЧЕТЕ ГО МОЗОКОТ“: Нова теорија на заговор поради потегот на кралот Чарлс трети, драмата околу здравјето на Кејт не стивнува во светот!

Драмата околу здравствената состојба на принцезата Кејт Мидлтон продолжува, а последниот потег на кралското семејство наведе