Халкбанк го одбележа Меѓународниот ден на штедењето со низа активности за поттикнување позитивни финансиски навики кај децата

October 31, 2024
1 min read

На 31 октомври, Меѓународниот ден на штедењето, Халкбанк го заокружува месецот посветен на финансиска едукација на најмладите и поттикнување детско штедење. Во фокусот на годинашните активности беше едукативната друштвена игра „Мистериите на Ѕвездалија“, која има цел да ги развие логичките, математичките и стратешките вештини на децата преку забава и дружење. Во текот на октомври, месецот на штедењето, Халкбанк организираше едукација преку забава во десетина основни училишта низ Македонија, при што над 500 деца учеа за важноста на штедењето и на отворено ја играа играта „Мистериите на Ѕвездалија“.

Во текот на месецот октомври во 4 училишта низ земјата се промовираа принципите на штедењето и одговорното управување со финансиски средства преку оваа интерактивна игра. Со примена на иновативен пристап, децата учат за важноста на штедењето на креативен и забавен начин, играјќи со своите врсници и семејства.

„Големо задоволство е да се видат насмеаните детски лица, а особено радува фактот што бројот на отворени детски штедни книшки расте секоја година. Со играта „Мистериите на Ѕвездалија“ сакаме штедењето да го направиме забавно и едукативно искуство за децата. Нашата цел е тие од најрана возраст да ги усвојат вредностите на штедење и одговорно управување со средства, и тоа на начин кој е забавен и интересен за нив“, вели Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Во текот на месецот на штедењето, за секоја новоотворена детска штедна книшка, банката ја доделуваше на подарок играта „Мистериите на Ѕвездалија“.

Оваа иницијатива е дел од долгорочната посветеност на Халкбанк и нивниот симбол на детското штедење – слончето Халки, да ги поддржуваат младите генерации преку активности што ги мотивираат да ги развијат своите вештини и добри финансиски навики. На овој начин, банката продолжува да вложува во општествено одговорни проекти кои позитивно влијаат на заедницата. Во рамки на овие активности, досега се одржани над 100 работилници низ Македонија, со учество на илјадници деца кои добија можност да учат и да ги развиваат своите вештини преку интерактивни и забавни содржини.

Халкбанк АД Скопје е една од најбрзорастечките банки во Македонија, со силна визија за поддршка на општеството преку иницијативи кои се фокусираат на едукација, еколошка свест, зачувување на културните вредности и спортски активности.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

[Видео] Потскокнете со песната на Миа и Влатко Стефановски низ скопските улици

Следно

Лафчиски на средба со командантот на НАТО Корпусот

Latest from Blog

Барса го освои трофејот “Хоан Гампер“, Родри претставен на “Камп Ноу“, а еве зошто Кансело се налути!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ И тоа како вечерва беше интересно на “Камп Ноу“. Имаше од се по нешто. Имено Барселона го освои трофејот “Хоан Гампе“, во меч кој се игра по традиција пред стартот на

СиЕнЕн: АКО КРАЈ НА ВОЈНАТА СО ИРАН Е ВРАЌАЊЕ НА ПРЕТХОДНАТА СОСТОЈБА – ЗОШТО Е ВОДЕНА?

Еден од најголемите проблеми на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во излегувањето од војната со Иран се претходните, досегашни списоци на апсолутистички цели што ги поставиле Трамп и неговиот тим за

Вода имаме, канализација не за сите, 72,6 отсто од отпадните води непречистени

Македонија има висок процент домаќинства приклучени на јавен водовод, но кога водата ќе помине низ домовите, сликата станува многу понеповолна. Само 75,5 отсто од становите се поврзани со јавна канализација, 13 отсто

Проданоски: Сите расположливи сили се мобилизирани за пожарот во Мариово

Сите расположливи сили и ресурси се ставени во функција на ставање под контрола на пожарот во Мариово, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Како што посочува Проданоски, на терен повторно се

Астон Вила се пофали со Руџери и Сузуки

Екипата на Астон Вила пред самиот старт на сезоната, објави дека се засилува со две нови имиња. Тоа се Матео Руџери и Зајон Сузуки. Италијанецот доаѓа од Атлетико Мадрид, за 25 милиони
Go toTop