Хаџи Јанев: Девастација на целиот систем 30 години, сите доајени на политикава се однесувале несоодветно

November 28, 2024
1 min read

Во однос на состојбата во скривниците и нивното одржување, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 проговори и проф. Методи Хаџи Јанев.

Тој вели дека има девастација на целиот сектор речиси 30 години.

„Тоа е одраз на коруптивната слика на целово ова лидерство кое во изминативе 30 години ја воделе државата. Сите доајени на политикава се однесувале несоодветно кон целиот систем“, вели тој.

Како што вели, жал му е да каже што од целата таа Југославија по која се плука, очигледно не можеме да дотрошиме се колку она била направена и какви системи со какви вредности направила.

„Во изминативе 30 години покажавме дека дозволивме корпуцијата да преовладува. Сето ова е резултат на чиста корупција, нема друго решение, тоа значи дека имате несоодветен персонал кој се бавел со сектор безбедност, заштита на граѓани и.т.н и дозволил лукративни бизнис индивидуи да ги наметнат своите потреби и барања и да чуваат пиперки и патлиџани на места кои треба да бидат заштитени“, вели Хаџи Јанев.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Славјето на Денот на албанското знаме на скопските улици заврши со засилено полициско присуство

Следно

Њујорк: Полицијата уапси пропалестински демонстранти

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop