Грчки медиуми: Свртничарот од Лариса призна вина – го испратил возот по погрешна пруга

1 min read

Тој се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица. За ова дело, наведува телевизијата ЕРТ, според последните измени на грчкиот Кривичен законик е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор. Можно е обвинение и за повеќекратно убиство од небрежност

Железничка несреќа во Грција / Фото: EPA-EFE/APOSTOLIS DOMALIS

Свртничарот вработен во железничката станица во Лариса ја признал вината за фаталната несреќа што се случи во Грција синоќа, јавуваат дел од грчките медиуми.

Грчката телевизија „Скај“ јавува дека свртничарот веќе е уапсен и дека пред истражните органи признал оти еден од возовите упатил на погрешна пруга по која од спротивната насока се движел другиот воз.

Во исказот даден во рамки на предистрагата тој навел дека ја сфатил грешката веднаш штом слушнал за несреќата.

Истата информација ја пренесува и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на полициски извори. Наводно, грешката е направена при упатувањето на патничкиот воз во погрешна пруга.

„Секако, се очекува изјави да дадат и други вработени. Истрагата не е затворена со апсењето, списите на случајот не се целосно оформени. Ги чекаме изјавите и од другите вработени, но и од сведочењата на патниците“,

вели полицискиот извор на кој се повикува ЕРТ.

Утре свртничарот треба да биде изведен пред обвинител, а се очекува да започне и обдукцијата.

Според ЕРТ, тој се соочува со тешки кривични дела, односно му се заканува кривична постапка за делото нарушување на безбедноста во сообраќајот со последица смрт на повеќе лица. За ова дело, наведува телевизијата, според последните измени на грчкиот Кривичен законик, е предвидена казна од 10 години до доживотен затвор.

Можно е обвинение и за повеќекратно убиство од небрежност.

Во несреќата загинаа најмалку 36 патници, иако дел од грчките медиуми јавуваат дека бројката веќе се искачила на 38 односно на 40 жртви.

Грчкиот министер за транспорт Константинос Караманлис поради политичка одговорност си поднесе оставка.

Премиерот Кирјакос Мицотакис по враќањето од местото на несреќата во обраќање до јавноста вечерва најави дека ќе формира независен експертски комитет кој ќе ги испита причините за железничката несреќа. Покрај Караманлис, соопшти Мицотакис, оставки поднеле и одговорните во Грчки железници.

Тој го поздрави повлекувањето и рече дека она што засега се знае за трагедијата е оти таа настанала поради човечка грешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:

(ВИДЕО) Возовите што се судрија во Грција возеле со брзина од 160 километри на час: Повеќето загинати се млади лица

Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

Мицотакис од Лариса: Можам да гарантирам само едно – ќе ја дознаеме причината за трагедијата

Прогласена тридневна жалост во Грција по железничката несреќа

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

Петкоска: Ковачевски кој ги предлага замениците министри нема аргументи зошто ги предлага, а институциите каде ги предлага веќе ги снемува

Следно

ПРЕПОРАКИТЕ ОД СТРАЗБУР НЕ СЕ ЗА БРИШЕЊЕ ПОД Судијата Илија Трпков ќе ја брани честа и знаењето на македонските судови

Latest from Blog