Градоначалникот Стојкоски имаше средби со граѓани од Ѓорче Петров

1 min read

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во текот на вчерашниот ден имал над средби со над 50 граѓани во рамки на приемниот ден.

– Дискутиравме за проблеми од повеќе области, а акцент беше ставен на инфраструктурни прашања. Тука сме за заеднички да ги решиме нивните секојдневни проблеми, а во насока на модернизирање на нашата општина. Сите граѓани и сечија сугестија се добредојдени во општина Ѓорче Петров каде во наредниот период продолжуваат приемните денови, информира Стојкоски.

Заинтересираните граѓани може да закажат средба на официјалната мејл адреса: [email protected].

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Во Загреб протестираат здравствените работници

Следно

Генералштабoт на Украина: Непријателот продолжува со нападите претрпувајќи големи загуби

Latest from Blog