Ѓорѓиевски: Буџетот е консолидиран, Скопје добива нови проекти

November 14, 2025
1 min read

Со еден глас против и еден воздржан, Советот на Град Скопје денес го изгласа ребалансот на Буџетот, кој, според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, претставува почеток на консолидацијата на финансиската состојба во градот и јавните претпријатија.

Ребалансот предвидува намалување на буџетскиот дефицит за 928,5 милиони денари и зголемување на капиталните инвестиции за речиси 98,9 милиони денари. Градоначалникот нагласи дека ова значи крај на нерационалните задолжувања и фокус на нови решенија и проекти.

Во делот на јавниот превоз, Ѓорѓиевски најави враќање на приватните превозници и соработка со Министерството за транспорт за оживување на Градскиот воз. Во тек е и постапката на Владата за набавка на 80 нови автобуси, а градот стартува со разгледување на БРТ-системот.

Во образованието се најавени нови спортски терени, фитнес-зони, смарт-табли, информатички кабинети и обезбедување лаптоп за секој првенец на генерација до крајот на годината.

Ребалансот овозможува и почеток со реализација на повеќе зелени проекти, меѓу кои парковите „Христијан Тодоровски – Карпош“, „Лепенец“, како и изградба на 50 нови помали паркови ширум градот.

Во инфраструктурата, градот стартува со реконструкција на улицата „Фрањо Клуз“, изградба на кружниот тек во Ѓорче Петров, третата лента на булевар „Александар Македонски“, првата фаза од булевар „Хрватска“, булевар „АСНОМ“ и клучката кај „Момин Поток“.

Дополнително, обезбедени се средства за проектна документација за повеќе сообраќајни решенија, како и за експропријација која ќе го отвори патот за поголеми булеварски проекти, вклучувајќи го и булеварот „Борис Трајковски“.

Градоначалникот побара поддршка од граѓаните, нагласувајќи дека Скопје излегува од период на стагнација и дека ребалансот претставува прв, но значаен чекор кон обновата на главниот град.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Кина откри најголемо наоѓалиште на злато од 1949 година

Следно

Диди ќе остане в затвор еден месец подолго

Latest from Blog

Меџити најавува зајакнување на деловната соработка со Турската стопанска комора во Македонија

Градоначалникот на Општина Чаир и коалициски лидер во Владата, Изет Меџити, денес оствари средба со делегација од Стопанската комора Македонија–Турција (МАТТО), составена од Фатих Шахбаз, Ајдован Адемоски, Имер Селмани и Шахпаз Молалиев.

Клиничката болница во Штип воведува најсовремениот метод за пренатален скрининг за трудници

Клиничката болница – Штип од понеделник воведува најсовремен метод за пренатален скрининг – брз, безболен и сигурен тест за рано откривање на индивидуалниот ризик кај трудниците и можни генетски аномалии кај плодот.
Go toTop