Ѓилас го повика Вучиќ да го соопшти датумот на белградските и парламентарните избори како што ветил

1 min read

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, денеска го повика претседателот на државата и Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, да го каже точниот датум кога ќе се одржат вонредните белградски и вонредните парламентарни избори, истакнувајќи дека „Србија е на пресвртница“, јави дописникот на МИА од Белград.

Ѓилас на прес-конференција потсети дека пред точно една година се одржаа изборите во Белград, на кои СНС доби 70.000 гласови помалку од опозицијата.

-Вучиќ тогаш јавно вети дека во април ќе има повторени избори во Белград, но гледате дека ги нема, рече Ѓилас.

„Граѓаните на Белград и на цела Србија имаат право да донесат одлука дали сакаат европска престолнина и европска Србија или сметаат дека треба да останеме надвор од европскиот континент на кој историски и цивилизациски припаѓаме. Сигурен сум дека на тие избори, кога и да ги свика Вучиќ, граѓаните на Белград и Србија ќе донесат правилна одлука, рече Ѓилас.

Тој посочи дека Вучиќ јавно ветил, по минатогодишниот разговор со него, дека во април ќе се одржат вонредни избори во Белград, но ги „излажал“ граѓаните.

-Во лице му кажав на Вучиќ дека неговата власт во Белград не е легитимна. Како претседател на најсилната опозициска партија и како поранешен градоначалник презедов одговорност; да ја заштитам волјата на граѓаните на Белград, а тој тогаш јавно вети дека во Белград ќе има вонредни избори, истакна Ѓилас.

На прашањето со кои опозициски партии ССП е подготвена да соработува, тој рече со оние кои споделуваат „слични вредности и ја гледаат Србија во Европа“.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Во Шведска уапсени петмина осомничени терористи од Исламска држава

Следно

Финска официјално стана 31-ва членка на НАТО

Latest from Blog