Германската рок-група Ди тотен хозен организира хуманитарен концерт за погодените од земјотресот во Туркије и Сирија

1 min read

БЕРЛИН (АА) – Германската рок-група Ди тотен хозен вечерва ќе одржи хуманитарен концерт за жртвите од земјотресот во Република Туркије и во Сирија под мотото „Три акорди за твојата донација“ пред 10.500 посетители, известува Анадолу.

„Длабоко сме трогнати од страдањето на луѓето и посебно мислиме на нашите сограѓани кои се вознемирени и тагуваат за своите пријатели и роднини во погодените подрачја“, објави групата Ди тотен хозен на својата интернет-страница.

Ди тотен хозен се надева дека на концертот ќе се соберат вкупно милион евра. Од продажбата на влезниците веќе се собрани 600.000 евра, а дополнителен приход се очекува од продажбата на маици и добротворни донации.

Влезниците за концертот се пуштени во продажба во средата вечер. Како што информираат од групата, концертот бил распродаден за само 60 секунди. На концертот се очекуваат 10.500 посетители.

Сиот приход, по трошоците, ќе оди во Црвениот крст, Лекарите без граници и Медико интернешнал за поддршка на нивната работа во подрачјата погодени од катастрофата.

На концертот ќе присуствуваат и премиерот на германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, Хендрик Вуст.

Концертот низ Германија ќе го пренесуваат шест радиски станици.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Туркије по повод годишнината од војната во Украина: Од почетокот бевме против војната, треба под итно да се заврши

Следно

Пет лица уапсени во Центар: Полицијата пронајде грутчеста материја, марихуана и таблети

Latest from Blog