Германија и ЕУ постигнаа договор за користењето мотори со внатрешно согорување

1 min read

АТИНА (АА) – Германија и Европската Унија (АЕУ) постигна договор за ставање крај на долготрајниот спор околу иднината на возилата со мотори со внатрешно согорување, известува Анадолу.

„Возилата со мотори со внатрешно согорување ќе можат да се регистрираат по првпат и по 2035 година доколку користат CO2 неутрални горива“, објави денес на социјалната мрежа Твитер германскиот министер за сообраќај, Фолкер Висинг.

Министерот Висинг соопшти дека договорот „ќе обезбеди можности за Европа за задржување важни опции за климатска неутралност и пристапна мобилност“.

Договорот го потврди и Франс Тимерманс, извршниот потпретседател на ЕК надлежен за Европскиот зелен договор.

„Сега ќе работиме на тоа што поскоро да се усвојат CO2-стандардите за регулација на автомобилите, а Европската комисија ќе го следи тоа со потребните правни чекори“, наведе Тимерманс на Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Средба Вучиќ-Орбан за геополитичката ситуација и плановите

Следно

Најдобрите фудбалери се подготвуваат за дуелот со Ф. Острови

Latest from Blog