Газа се соочува со неизбежна масовна смрт на 100.000 деца поради недостиг на бебешка храна

July 26, 2025
1 min read

АНКАРА (АА) – Повеќе од 100.000 деца во Појасот Газа, вклучувајќи и 40.000 бебиња под 1 година, се соочуваат со неизбежна смрт поради целосен недостаток на бебешка храна и додатоци во исхраната, предупреди денес Владината канцеларија за медиуми во Газа, известува Анадолу.

Во соопштението на канцеларијата ситуацијата се опишува како „масакр во забавена снимка“, обвинувајќи го Израел дека намерно ја изгладнува најмладата популација во Газа преку континуирана блокада и затворање на сите гранични премини.

Канцеларијата информира дека мајките со денови им даваат вода на своите бебиња во отсуство на бебешка храна, додека болниците и здравствените центри се сведоци на дневен пораст на случаи на акутна и опасна по живот неисхранетост.

Здравствените власти во Газа досега пријавија 122 смртни случаи предизвикани од глад и неисхранетост, од кои 83 се деца, поради речиси целосниот колапс на медицинскиот систем и критичниот недостиг на основни залихи на храна.

Нарекувајќи ја кризата „шокантно предупредување издадено во име на човештвото и глобалната совест“, канцеларијата за медиуми во Газа побара итен влез на бебешка храна и додатоци во исхраната, повторно отворање на сите премини без услови, укинување на „криминалната опсада“ на Израел и итна меѓународна интервенција за запирање на „намерната кампања на уништување на децата“.

Заклучувајќи дека израелската влада и нејзините меѓународни сојузници ги смета за „целосно одговорни за претстојните злосторство против човештвото“, канцеларијата предупреди дека континуираното глобално молчење претставува „експлицитно соучесништво во геноцидот врз децата во Газа“.

Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската армија спроведува брутална офанзива врз Газа од 7 октомври 2023 година, убивајќи повеќе од 59.700 Палестинци, од кои повеќето се жени и деца. Немилосрдното бомбардирање ја уништи енклавата и предизвика недостиг на храна.

Минатиот ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид во Меѓународниот суд на правдата за својата војна врз енклавата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЦУК: Активни четиринаесет пожари во земјава, четири под контрола

Следно

Грција го активираше Европскиот механизам за цивилна заштита за справување со пожарите

Latest from Blog

ВЛЕН: Владината коалиција е стабилна, продолжуваме со исполнување на ветувањата

Централното претседателство на ВЛЕН одржа редовна седница на која беа разгледани актуелните политички случувања и беа потврдени приоритетите на коалицијата за претстојниот период. Од ВЛЕН порачуваат дека остануваат посветени на реализацијата на

Славески: Електронското и мобилното банкарство на „АЛТА банка“ повторно се достапни

Клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола од денеска повторно можат да ги користат електронското и мобилното банкарство за плаќање сметки и други обврски, како и за располагање со своите средства, соопшти гувернерот

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Ѓурѓај се сретна со д-р Ѓорѓевиќ, претставничка на Европскиот центар за прашања на малцинствата

Разговор за правата на македонското национално малцинство во Албанија и можностите за унапредување на соработката меѓу Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Европскиот центар за прашања на малцинствата. Во рамките на Дијалогот на Шлезвиг-Холштајн,

Божиновска: Со BAE Systems ја зајакнуваме заштитата на критичната енергетска инфраструктура

Воспоставувањето секторски Центар за безбедносни операции (SOC) и можностите за негово финансирање беа во фокусот на работниот состанок на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, со претставници на BAE
Go toTop