Галуп: Секој четврти Бугарин сака да емигрира во друга држава

1 min read

Секој четврти Бугарин би заминал да живее во друга држава доколку ги има сите потребни документи за тоа, покажува студијата на Галуп интернешнал. Само осум отсто се двоумат додека 67 отсто би останале да живеат во најсиромашната држава од Еверопската унија.

Сепак, останатите се категорични – доколку имаа можност би ја напуштиле Бугарија, се наведува во резултати од анкетата.
Анкетата е спроведена во 57 држави.

Блиски до бугарските ставови се земји како Шпанија (27 отсто), Холандија (29 отсто), Шведска (23 отсто) и Австрија (23 отсто).

Во ЕУ секој трет би сакал да живее во друга земја, доколку тоа е можно, додека 59 отсто од Европејците претпочитаат да останат во државата во која се наоѓаат сега.

Објаснувањето за ставовите за Бугарија, коментираат од Галуп, делумно може да се должи на долгата децениска миграција во земји од Западна Европа и Северна Америка од 90-тите години на минатиот век.

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Осум пациенти ќе го добијат лекот „Трикафта“

Следно

Две лица повредени во тешка сообраќајка во Илинден

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби

УЕФА ја казни Барселона

Европската фудбалска централа (УЕФА) ја казни Барселона поради расистичките испади на нејзините навивачи во Париз за