(ФОТО) Српската полиција објави фотографија од уапсениот за масакрот кај Младеновац

1 min read

Осомничениот напаѓач, 21-годишниот У. Б., е уапсен во населбата Грошница во околината на Крагуевац, откако од синоќа по него трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција

Српското Министерство за внатрешни работи (МВР) утринава објави фотографија од уапсениот У. Б. кој е осомничен за синоќешниот масакр кај Младеновац во кој загинаа осум луѓе, а 14 се повредени.

Фото: МВР на Србија

Осомничениот напаѓач, 21-годишниот У. Б., е уапсен во населбата Грошница во околината на Крагуевац откако од синоќа по него трагаа околу 600 припадници на специјалните единици на српската полиција.

„Припадници на МВР по опсежна потрага го уапсија У. Б. (роден 2002 г.) во населба Грошница, во околината на Крагуевац. Тој е осомничен дека синоќа со огнено оружје уби осум лица и рани 14. Полицијата продолжува со работа на расветлување на сите факти и околности за овој настан“,

соопштија од српското МВР.

Осомничениот напаѓач У. Б. најпрвин почнал да пука во селото Дубона во Младеновац, а потоа продолжил со крвавиот пир во Мало Орашје и селото Шепшин.    

Во Дубона тој убил млад полицаец и неговата сестра, пукајќи по случаен избор во училишниот двор, каде што ранил уште неколку лица. Според мештаните, напаѓачот бил познат како проблематичен кој бил од соседното село Долна Дубона. Најмладиот убиен во пукањето е роден 2008 година, односно е на возраст од 15 години.

Четринаесетемина повредени се згрижени во болниците, а полицијата работи на расветлување на сите факти и околности за масовното убиство.

Поврзани вести за масовното убиство кај Младеновац:

Извор: 360stepeni.mk

Претходно

„РЕВИЗОР“ Е ПРЕТСТАВА ЗА РАСИПАНОСТА НА ОБОЖАВАТЕЛИТЕ НА ВЛАСТА, ВЕЛИ РЕЖИСЕРОТ ЦВЕТАНОВСКИ ЗА ПРЕМИЕРАТА ВО КОМЕДИЈА

Следно

Масовна прослава на шампионската титула во Неапол

Latest from Blog

КОЛКУ ПАРИ ТОЛКУ МУЗИКА, НО НЕ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИ: Поранешната кошаркарка се соблака на „Онлифанс“ за да го прехрани синот, порано продавала облека, но не било доволно!

Милица Дабовиќ некогаш беше позната како успешна кошаркарка на српската репрезентација, но денес нејзиниот живот доби